Македонија
Хоспитализирани се вкупно 113 пациенти, од нив 14 се на респиратори
На Инфективната клиника во Скопје денеска биле примени нови 3 пациенти, со што бројката на хоспитализирани е 68, од кои осум се на механичка вентилација, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Во болницата „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 31 пациент, од кои на респираторна машина се шест пациенти, а во битолската болница хоспитализирани се пет пациенти, кои се во стабилна здравствена состојба. Во Штип хоспитализирани се вкупно девет пациенти позитивни на коронавирусот.
Со ова, вкупната бројка на хоспитализирани изнесува 113, од кои 14 се во потешка состојба и дишат на респираторна машина.
Досега, како што информира Филипче, во државата се извршени 8.552 тестирања на Ковид-19.
Претходно, Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале четворица пациенти – 79-годишна пациентка од Скопје, пациент од Велес на 58-годишна возраст, пациент од Прилеп на 67 години и уште еден 63-годишен пациент од Скопје.
Во Штип се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста биле лекувани во домашни услови.
Во изминатите 24 часа дијагностицирани се 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица.
Филипче рече дека се распределува и заштитната опрема, односно донацијата од Чешка, од каде што беа испратени 1 милион маски, и тие ќе бидат дистрибуирани во сите установи во согласност со интензитетот на нивното трошење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

