Македонија
Хуманитарното движење на ИТ-компаниите продолжува традицонално и во 2022 продолжува со МАРАТОН
Отворен повик до сите ИТ компании за приклучување во проектот за 2022 година.
Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2022’ оваа година има нова активност која ќе ги обедини сите вработени во Tech индустријата. На 25 Септември организираме МАРАТОН во кој вработените од IT компаниите ќе можат да се приклучат со велосипед и со трчање на патека долга 10 километри.
Учесниците во МАРАТОНОТ ќе имаат можност на целта да стигнат во СОС Детско село каде што ќе имаат можност да се запознаат со децата поддржани од СОС Детско село и да ја почувствуваат каузата за која ќе спортуваат.
Периодот на хуманитарната акција IT4Charity Marathon 2022 започнува на 25 Maj и ќе трае до 25 Септември ден и кога ќе се реалира Маратонот со старт во парк и финиш во СОС Детско село.
Во моментот се приклучени 7 ИТ компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside, Cognism, CapCargo и Challenger, на кои сме неизмерно горди и ги очекуваме сите останати да ни приклучат.

Сите заинтересирани компании за приклучување во проектот можат да не исконтактираат на: [email protected]
Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за
· обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село
· за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство
· за осамостојување на младите во социјален ризик
![]()
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК
За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите податоци до ДИК е 15,28%, односно на овие избирачки места гласале 71.849 гласачи, соопшти ДИК.
„Вкупниот борј на избирачи запишани во избирачкиот список изнесува 474.304 гласачи а податоците што се пристигнати до ДИК се од 678 избирачки места, што во проценти значи 98,98% пристигнати до ДИК“.
Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%.
Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била 20,07%, соопшти ДИК.
Одзивот на гласачите по другите општини до 13 часот процентот на избирачи бил 19,96% а бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци до ДИК е 1279 или 93,15%. Споредено со првиот круг излезеноста во 13 часот била 20,12%.
Македонија
МВР: Гласањето од вториот круг на локалните избори се одвива мирно
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, соопшти МВР.
Од таму велат дека преземаат мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
„До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“.
Македонија
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.
Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, со околу 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со 2 проценти.
Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.
Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало краток прекин, кој бил веднаш отстранет. Во вториот круг се гласа во 32 општини и Градот Скопје, на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Некаде околу 23 часот, се очекува да бидат познати сите резултати од гласањето на изборите во вториот круг.

