Македонија
Царинската управа: Запленети четири златни алки со вредност од 586 илјади денари

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари, со вкупна тежина од 77,5 грама, откога се пронајдени во женска чанта при детаљна контрола на патничко возило на граничниот премин Богородица на влез во државата. Патничката што патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи, извести Царинската управа.
„Имено таа заедно со возачот и уште четири лица на влез во државата на прашањето дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо“, велат од Царинската управа.
Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело шверцување казниво по член 278 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таравари: Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик со партиите ВЛЕН за локалните избори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека се во постојана комуникација со останатите партии од коалицијата ВЛЕН за тоа како ќе се натпреваруваат на локалните избори.
Тој рече дека оние како Алијанса за Албанци инсистираат да се изготват посебни листи за советници, а додаде дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик.
„Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се подготвуваме за локални избори, така што мислам дека наскоро ќе излеземе и ќе ги покажеме нашите позиции. Јас кажав колку што е можно повеќе и инсистирав во преговорите да излеземе со посебна листа како Алијанса за Албанците, но и други партии бидејќи мотивираме многу повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори, но тоа го правиме, изјавивме дека сме во точни извештаи, дека ќе имаме постојана комуникација„ рече Таравари.
Македонија
Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата за Кочани: „Пратениците да земат по половина плата оти решија да не работат две недели“

Во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, а поради големиот интерес на јавноста и бројните прашања, пратениците на Левица соопштија дека ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата.
„Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите граѓани и ќе излезат во пресрет за погодените. Дополнително, сметаме дека поради двонеделната неактивност на Собранието, која е резултат на политичка оттуѓеност, пратениците немаат морално право да ја примат целата плата во месецот во кој не ја извршуваа својата должност во полн капацитет. Во исто време, сведоци сме на луксузирањето и развратот на Владата, додека народот се бори со трагедии и економска несигурност“, посочуваат од Левица и додаваат:
„Сепак, оваа донација не ја менува реалноста – државата мора да има социјално проактивна влада и функционално Собрание, кои навремено ќе реагираат и ќе овозможат поддршка на оние на кои им е најпотребна. Само со одговорни и правични политики можеме да изградиме општество во кое нема да се потпираме на поединечна помош, туку на силни и праведни институции“
Македонија
Крива Река отруена со олово, арсен и цијанид од „Тораница“, реката добила сива боја

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски за утре свика прес-конференција за да објасни за цијанидот кој денеска истекол во Крива Река.
Станува збор за истекување од рудникот „Торадница-булмак“, еден од најголемите рудници за олово и цинк.
„Ве покануваме на прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски по повод хаваријата т.е.инцидентот со излевање на опасна течност од рудникот “Тоарница-Булмак“ во водите на Крива Река, што се случи на 14 март и што предизвика големо заматување и загадување на водата, како и презентација на пристигнатите анализи од мострите земени од водите на Крива Река“, стои во соопштението на Крива Паланка.
Алармот се вклучил откако реката добила сива боја.