Македонија
Царинската управа: Соработката со приватниот сектор е клучна во борбата против сивата економија
Борбата против сивата економија е актуелна тема, но и предизвик со кој постојано се соочуваме. Геополитичката сцена брзо се менува, со зголемени закани за слободната трговија, при што Македонија и земјите од регионот како мали земји, се најмногу изложени на опасностите од нелегална трговија, истакна директорот на Царинската управа Бобан Николовски на регионалната конференција за сузбивање на сивата економија што се одржува во Скопје во организација на Американската стопанска комора на Македонија и на Србија.
Клучот за справување со овие закани, според Николовски, е високата подготвеност на земјите во спречување на секој обид за криминални дејствија и сузбивање на сивата економија, но исто така и зголемувањето на соработката со приватниот сектор и споделувањето на искуствата и предизвиците со кои се соочува овој сектор.
– Царинската управа ја реактивираше работата на Советодавното тело во кое членуваат сите комори, асоцијации и организации вклучени во царинската постапка. Од ова тело очекуваме да произлезат конкретни мерки за проблемите со кои се соочуваат компаниите, превозниците, шпедитерите, при што заедничка цел е олеснување и поддршка на трговијата, во рамки на законските прописи, нагласи Николовски.
Осврнувајќи се на работата на Царинската управа од 1 јули годинава откога ја презеде функцијата директор, Николовски посочи дека се преземени значителни чекори во сузбивањето на секој обид на нелегална трговија за што потврда се наплатените приходи од 54,6 милијарди денари, што претставува раст од осум проценти во однос на истиот период лани.
– Во јули е евидентиран за 127 проценти поголем увоз на цигари од јули минатата година. Во септември приходите по основ на пријавен увоз на цигари се зголемени за 46 проценти, а во октомври за 13 проценти. Овие резултати особено ги нагласувам со оглед на тоа дека овде на конференцијата присуствуваат претставници на ОЛАФ и претставници на тутунската индустрија. Дополнително би истакнал дека во овие пет месеци имаме 212 случаи на заплени или речиси двојно повеќе од минатата година. Продолжуваме со имплементација на проекти за модернизација, подобрување на условите за работа и примена на иновативна технологија во нашата работа, особено за подобрување на нашата контролна функција, истакна Николовски.
Конференциите од ваков вид, според директорот на Царинската управа, се дополнителна можност за размена на искуства и воспоставување на нови начини за поблиска комуникација на учесниците во трговската размена во регионот и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

