Македонија
Царовска: Го вративме достоинството на најранливите, направивме праведна држава ќе направиме и правна држава
Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска вечерва на мини трибина во центарот на Скопје истакна дека социјал-демократскиот сојуз е партија којашто покажа и докажа дека се грижи за сите граѓани подеднакво.
„Покажавме дека се грижиме за лицата со попреченост. Не само декларативно да се купат за избори туку го променивме нивниот живот, животот на нивните родители, но и на променивме и општеството, начинот на којшто виде и ние и вие ги гледаме овие лица и децата. Направивме трансформација и тоа го правиме во секоја тема којашто ја дискуртираме во општеството. Ние зборуваме за темелни промени и тоа го можеме.Затоа што ние веруваме дека ние сме генерација којашто треба да ја донесат промента и со нашите постапки правиме праведна држава и праведно општетство“, истакна Царовска.
Таа рече дека Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите, воведе три пати повисока социјална помош и ги зголемивме пензиите.
„Го вративме достоинството на граѓаните кои со години беа гледани како некој којшто треба да остане на маргините. Сега пред нас имаме уште поголем предизвик, уште поголема битка и борба, а тоа е да направиме правна држава којашто ќе го гарантира квалитетот на живот на сите . Ќе даде моќност за раст на реалниот сектор, на бизнис секторот. Во идната програма ветуваме зголемување на минималната плата до 40% по ковид периодот , зголемување на просечната плата до 30%. Нова минимална пензија од 10.700 денари. Нема да има пензија под оваа сума и 300 милиони евра од Буџетот кон реалниот сектор и дополнителни 300 милиони евра од евроспките програми коишто ни стојат на располагање благодарение на претедателот Заев и колегата Димитов коишто навистина покажаа дека можат да ги тргнат сите препреки коишто ни стоеа на патот кон ЕУ“, рече Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

