Македонија
Царовска го посети новото училиште во Ѓопчели: Инвестираме во подобри училишта
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, денеска го посетија основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран каде се одвива настава со физичко присуство на ученици од прво до петто одделение. Увид како стартуваше учебната година направија и во новото училиште во Ѓопчели, во кое се инвестирани 4,5 милиони денари и на децата им се обезбедени современи услови за образование и развој.
„Инвестициите во објекти сами по себе не се доволни, ако како Влада не инвестираме во наставниот кадар, затоа што наставниците ни се најважната алка во пренесувањето на знаењето на децата”, рече Царовска.
Пандемијата ни покажа дека наставниците не се важни само како партнери во училницата, туку нивното место е незаменливо и во поддршката, мотивацијата, лидерството, иновацијата и креацијата на нови начини на работа, нагласи Царовска.
„Навистина ми е драго што токму во ова училиште децата ја следат наставата на еден од јазиците на етничките заедници, односно турскиот јазик, и она што сакам да го потенцираме е дека вие наставниците ги учите децата на толеранција, ги учите на мултикултурализам. Ако вие создавате заедништво и ако ги учите да се грижат едни за други, да учат едни од други, тогаш создаваме едно општество за сите“, рече Царовска.
Министерката во обраќањето апелираше до наставниците и учениците да ги почититуваат заштитните мерки и протоколи од Ковид-19 бидејќи веќе 53 деца и 8 наставници се во изолација.
Градоначалникот Ангов рече дека во новото основно училиште настава со физичко присуство следат 21 дете до петто одделение, училиштето е направено со средства обезбедени од ООУ „Кочо Рацин“ преку блок- дотации од МОН и Општина Дојран.
На настанот присуствуваше и заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

