Македонија
Царовска на маалска средба во Капиштец: Со СДСМ на власт платите ќе продолжат да растат
Носителката на листа на кандидати за пратеници во изборна единица 1, Мила Царовска, вчеравечер на маалска средба во населба Капиштец рече дека СДСМ е партија што се грижи за сите граѓани подеднакво и дека посеветено работи на намалување на сиромаштијата и на нова развојна економија.
„Со Социјалдемократскиот сојуз на власт платите ќе продолжат да растат. Во постковид периодот ќе имаме раст на минималната плата до 40% и раст на просечната плата до 30%. Тоа можеме да го направиме бидејќи и изминатиот период со дијалог со работодавачите и синдикатите минималната плата се зголеми за 60%. Платата која во трудоинтензивните дејноси каде што има најмногу работници, посебно жени, беше 9.000 денари, денеска е 14.500 денари. Но, тоа зголемување на минималната плата поттикна зголемување на сите други плати и затоа имаме за повеќе од 5.000 денари зголемување на просечната плата во државата “, рече Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

