Македонија
Царовска: Психолозите се стожер во сочувувањето на менталното здравје на децата

Психолозите во основните училишта кои освен што се важни за обезбедување квалитетен воспитно-образовен процес, се и стожер во сочувувањето на менталното здравје на учениците, соопшти Министерството за образование. За таа цел денес беше организиран вебинар на тема „Совети и добри практики од работата на психолозите во основните училишта“ на кој се зборуваше за промоција и превенција на менталното здравје во училиштата во услови на пандемија.
„Многу е важно преку меѓусебна соработка да се зајакне работата на стручната служба во училиштата којашто е стожер во процесот на планирање, организација и спороведување на воспитно-образовниот процес. Само со квалитетни стручни служби можеме да обезбедиме квалитетно образование и затоа континуирано ќе работиме на нивно јакнење. Психолозите и останатите стручни соработници ни се важни во образовниот процес и сочувувањето на менталното здравје на учениците, не само во време на пандемија, туку воопшто низ целиот едукативен процес“, рече Царовска.
На вебинарот се зборуваше за начинот на организација и работа на училишните стручни служби во вонредни услови, кога дел од воспитно-образовниот процес се одвива онлајн, а дел со физичко присуство на учениците во училиштата, говореа искусни педагози, психолози и специјални едукатори.
Онлајн обуката е организирана од Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.