Македонија
Царовска: Реформите во образованието ќе овозможат функционална писменост
Слабите резултати на учениците во земјата покажале дека се неопходни итни реформи во организирање на наставата и содржините за што ќе бидат изготвени нови учебници, а наставниот кадар ќе добие насоки за новото т.н. интегрирано учење. Нацрт-програмата, која ја подготвило Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и тим од седум професори, ќе биде дадаена на јавна дебата, а се очекува реформите да бидат спроведени во новата учебна 2021 година за учениците од прво и од шесто одделение.
„Сите сме согласни дека реформи ни се неопходни веднаш. Секоја учебна година сите домашни и меѓународни истражувања потврдуваат дека нашите ученици не се стекнуваат со вештини и знаења што се применливи. Исто така, нашите ученици следат 900 наставни часа помалку. Помалку од 40 отсто од учениците не учат со разбирање, туку само акумулираат знаење што не може да го применат. Високи 82 процента од наставниот кадар сметаат дека треба да се реформира. Ниту еден наставник нема да го изгуби работното место и на факултетите и натаму ќе се произведуваат кадри од сите научни дисциплини“, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, на денешната прес конференција.
Според Царовска, образованието ќе се фокусира на компетиција, на приспособена настава.
„Однапред определени стандарди, јазична писменост, дигитална писменост, уметнико изразување, мултикултура, препораки што излегуваат во сите наставни програми. Клучните компетиции за доживотно учење ќе бидат приспособени на контекстот на нашата земја. Содржините ќе бидат спроведени на начин учениците знаењето да може да го восприемаат во реален контекст“, рече Царовска.
Професорката Виолета Бешка од Бирото за развој на образованието детаљно го објасни предлог-концептот со кој е предвидено учениците да поминуваат најмалку 6 часа во училиште, но 60 проценти со следење настава и 40 проценти од времето да го поминуваат посветени на кретивни и мотивирачки дисциплини.
„Наставниот план предвидува да има задолжителни предмети, како македонски, односно српски, албански, турски или бошњачки јазик, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик. Природните науки ќе ги интегрираат предметите биологија, физика, хемија и физичка географија. Општествените науки ќе ги интегрираат историја, општествена географија, граѓанско образование и други хуманистички општествени дисциплини“, истакна Бешка.
Во сите одделениа ќе се менува застапеноста на предметите.
„Уметничкото образование, ликовно, музичко и физичко и здравствено образование, техничко образование, техника, технологија или информатика ќе се предаваат со флексибилни програми. Тие што следат настава на друг мајчин јазик задолжителнно ќе учат македонски јазик по четврто одделение. Секое училиште ќе понуди изборни премети, слободни изборни предмети, кои се нарекуваа секции, кои ретко беа применувани во пракса, како и јазиците. Во групата изборни предмети како втор странски јазик изборно може да се изучува и албански јазик. Другата листа на изборни предмет ќе биде продлабочувана и насочена кон математичко логичко учење, или цртање или сексулано образование, изборни предмети што ги поддржуваат, како и фотографија, драма, моделарство, отворено поле на внесување многу други. За поддршка на личниот и социојалниот развој на учениците, образование за животни вештини. Изборни предмети ќе има и од спортовите, како планинарење, јога, велосипедизам. Листата на предмети ги следи возрасните разлики, секое училиште треба да понуди најмалку по три изборни предмети, може да биде во договор со учениците“, рече Бешка.
Според новиот концепт, училиштето е ставено во функција на промовирање на најдоброто од детето, да има флексибилност на наставниците и учениците, квалитетна интеракција и мора да се води сметка за сите компетенции на децата.
„Со наставните програми се воведува мултидисциплинарен пристап во учењето, природни или општествени науки, но тоа е поврзување предмети и со овој пристап се поврзуваат вештините и знаењето за одредено прашање или проблем. Целта е учениците тоа што го учат да го доживуваат како релевантно за нив. Овие наставни програми ќе се реализираат по модуларен пристап, стандардите за оценување ќе бидат дефинирани со наставните програми од страна на лица што се експерти од тие наставни содржини. За успешно реализирање, неопходна е соработка меѓу наставниците и преземање на одговорноста за реализација“, рече Бешка.
Иновативни пристапи ќе се базираат и на апликативни проекти, кои адресираат проблеми од секојдневниот живот на ниво соодветно на нивната возраст, односно да се учи преку проекти што се базирани на истражување. Со овој концепт, како што истакнаа од Бирото за развој на образованието, неопходна е замена на постојните учебници со нови, но исто така ќе се оди кон подготовка на дигитални верзии на учебници.
Новите реформи треба да ги поттикнат автономијата и кретивноста на децата, а во изборните предмети ќе може да учат и кулинарство, градинарство и слични животни вештини.
Што се однесува до начинот на оценување, фокусот ќе биде ставен кон формативното оценување, а не како досега како сумативно оценување.
„Наставниците треба да го следат секој ученик одделно и да ги земат предвид сите вештини на децата за да може правилно да го оценат. Целта е на возраст од 15 години секое дете да има функционално знаење што ќе може да го користи во реалниот живот“, објаснува Бешка.
Директоротр на Бирото за развој на образование рече дека процесот на воведување на новите реформи ќе биде транспарентен и инклузивен и сите досегашни нацрт-програми ќе бидат ставени на јавна расправа, а на наставниот кадар ќе му биде овозможена обука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Можности за интензивирање на парламентарните контакти со Казахстан
Пратеничката група за соработка со парламентите на државите од Централна Азија одржа средба со амбасадорите на Република Казахстан, Киргистанската Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, акредитирани во Република Северна Македонија.
„Претседателот на Пратеничката група, пратеникот Никола Коњановски, им посака срдечно добредојде на присутните и истакна дека ваквите средби претставуваат значајна можност за размена на ставови за актуелните билатерални односи и за унапредување на парламентарната соработка. Тој нагласи дека Република Северна Македонија му дава особено значење на развојот на политичкиот дијалог, економската соработка и културната размена со земјите од Централна Азија“, соопшти собраниската прес – служба.
Работната средба продолжи со обраќањето на амбасадорот на Казахстан, Буршаков, кој ги презентираше уставните измени и реформите што се спроведуваат во неговата земја, со цел зајакнување на демократските институции, владеењето на правото и унапредување на човековите права и слободи.
Во дискусијата учество зеде и пратеничката Дијана Илиевска, која изрази задоволство што е член на Пратеничката група за соработка и за можноста да учествува на средбата. Таа му посака успех на амбасадорот на Република Казахстан во процесот на уставните измени и реформите во земјата.
Во продолжение на средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на економските, трговските, образовните и културните врски, како и за интензивирање на парламентарните контакти и размена на искуства меѓу парламентите.
Во дискусијата беше нагласена улогата на Казахстан како важен фактор во Централна Азија и пошироко, особено во промовирањето на дијалогот, стабилноста и мултилатерализмот. Учесниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката на мултилатерално ниво.
„Во насока на унапредување на парламентарните односи, беше предложено воспоставување поинтензивна и редовна комуникација меѓу пратеничките групи за пријателство, организирање заеднички активности, работилници и тематски конференции, како и размена на делегации и експертски посети. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно зајакнување на билатералните и парламентарните односи и за продлабочување на соработката преку размена на искуства во реформските процеси и евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

