Македонија
(Видео) Ципрас: За трговските марки ќе решава посебен комитет во мај
Ова е важен ден за Балканот не само за Грција и Северна Македонија, порача грчкиот премиер, Алексис Ципрас, кој нагласи дека верува оти денес овде се обидуваат заедно со македонскиот премиер да изградат поинаква историја за Балканот. Да го прекинат наративот на национална омраза и да се обидат да изградат наратив на разбирање.
Тој посочи дека ова е прва посета на грчки премиер на земјава, дека се изгубени три децении и дека мора да се побрза да се премостат овие јазови.
„Разговаравме за соработка во рамки на НАТО и регионот. Квадрилатерална соработка. Најважно прашање беше економијата, мора да забрзаме да ги премостиме јазовите. Има многу грчки претприемачи кои се активни во Северна Македонија, сепак, денес носиме повеќе од 100 кои ќе имаат можност да разменат идеи на бизнис-форумот за подобри билатерални односи“, изјави Ципрас.
Најави дека ќе се избегне двојно даночење, имајќи предвид, како што рече, тоа што двете земји немаа нормални односи во изнинатите 30 години.
„За точно да го спроведуваме договорот, преземавме големи чекори напред. Средбите на комитетите за образование, за учебниците направија голем чекор. Денес решивме до средина на мај група експерти од двете земји да се сретне и да се решат прашањата што постојат со децении. Комитет кој ќе најде решение за трговските марки и брендовите. Важно прашање, според мене, се институциите кои ќе вршат надзор на спроведување на договорот. Ќе има совет кој ќе врши надзор на ниво на министерствата за финансии“, истакна грчкиот премиер.
Тој заклучи дека оваа посета е историска и дека треба да се градат мостови наместо ѕидови. Порача дека Грција ја поддржува Северна Македонија во напорите да стане дел од ЕУ.
„Ние ќе бидеме тука да ве поддржиме. Бевме пречекани со љубов и пријателство, градиме силно пријателство“, рече Ципрас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

