Македонија
Црната листа на антикорупциската: СДСМ вработил 29 роднини на функционери, ВМРО-ДПМНЕ – 15, а ДУИ – 8
Државната комисија за спречување корупција одлучува дали има непотизам кај 29 вработувања помогнати од функционери на СДСМ, 15 вработувања помогнати од функционери на ВМРО-ДПМНЕ и 8 помогнати од функционери на ДУИ, кои се дел од 60-те вработувања за кои веќе се отворени предмети.
Лидери по број на вработени роднини се пратеникот Антонио Милошоски и поранешниот градоначалник на општина Лозово, Орце Цветковски, од ВМРО-ДПМНЕ. Двајцата се на црната листа на антикорупциската со по четворица вработени. Под истрага се вработувањата на снаата, вујкото и двајцата братучеди на Милошоски, а градоначалникот, пак, се истражува дали помогнал во вработувањето на синот, внукот, внуката и еден братучед.

Зад нив, со по тројца вработени, се пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ поради вработувањата на сопругот, синот и братот, пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ поради вработувањата на сестрата, дедото и бабата, пратеничката Тања Ковачев од СДСМ кај која ќе се истражуваат вработувањата на сопругот, сестрата и зетот за сестрата, а со три вработувања на листата е и министерот за локална самоуправа Сухејљ Фазлиу од ДУИ поради вработувањата на двете сестри и еден внук.

По две вработувања имаат пратеникот Сашко Атанасов од СДСМ, Елена Гошева, претседателка на Уставниот суд во периодот 2013-2016 година, Анастасија Илиевска, советник за безбедност во кабинетот на претседателот и Игор Јанушев од ВМРО -ДПМНЕ, поранешен директор на ЈСП „Скопје“.

Од роднините на функционерите најмногу вработувања има во ЕЛЕМ – 8, по пет вработувања има во МВР, во општини и во основни училишта, четири вработувања во АЕК се под лупа на антикоруциската комисија, по три во Основен суд 1 и во УЈП, по две во Централен регистар, ЦРМ Струмица, АД Станбен и деловен простор, ЈП „Водовод и канализација“ и детски градинки, а по едно вработување ќе се истражува во Агенцијата за катастар, во Агенцијата за разузнавање, во Агенцијата за супервизија и осигурување, во Владата, во ДУД „Мирка Гинова“, Здравствен дом – Македонски брод, ЈПВ „Лисиче, Велес, МЕПСО, „Македонски шуми“, РЕК „Битола“, „Телеком“, Министерството за транспорт, ФИТР, Царинската управа, ЦУК и Шумската полиција – Делчево.
До сите институции во кои има вработени за кои се отворени истраги антикорупциската комисија веќе има испратено барања за отстапување на документацијата за вработувањата. Претседателката Билјана Ивановска вели дека институциите почнале да одговараат на барањата.
„До крајот на оваа и почетокот на следната недела истекуваат роковите за одговор на барањата од првите 18 отворени предмети. Веќе почнаа да стигнуваат документациите, некои од институциите одговорија. За другите 42 предмета роковите сè уште течат. Ова се предметите што ги отворивме ние по допрен глас, а по изборите, ќе отвориме и нови предмети. Веќе имаме 200 претставки од политичките партии за вработувања за кои треба да се испита постоење непотизам “, изјави претседателката Ивановска за „Макфакс“.

Во 60-те отворени предмети најмногу вработени се роднини на пратеници, а најмногу се вработувале сопружници, синови и ќерки и сестри.
Поради јавно укажаниот непотизам, под притисок на јавноста досега оставки си поднесоа братот и сопругот на пратеничката Мира Стојчевска, вработени во РЕК „Битола“ и во Шумската полиција во Делчево, дедото на пратеникот Александар Кирацовски, вработен во ЕЛЕМ, синот на пратеникот Горан Мисовски, вработен во Агенцијата за супервизија и осигурување, и мајката на пратеникот Костадин Костадинов, вработена во ЦРМ – Струмица.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, неделава изјави дека нема точна бројка на поднесени оставки поради непотизам, но рече дека нивниот број ќе расте оти постапката е во тек. За конечна бројка на оставки министерот рече дека ќе ги чекаат одлуките на антикорупциската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

