Македонија
ЦУК: По сообраќајна незгода во Грција тамошните повредени помош добиле преку Струмичкиот 112
Операторите од Струмица на Единствениот број 112 во ЦУК им помогна на повредените лица од сообрќајна несреќа меѓу две моторни возила на територија на Република Грција, за да добијат Итна медицинска помош и да бидат медицински згрижени, а и да биде известена тамошната полиција.
„Конкретно, сообраќајната несреќа се случила, во период малку пред 13.00 часот, во близина на првата патарина при влез од од грчка страна кон преминот Богородица – Евзони. Откако се созеле по сообраќајката, патниците свртеле 112 за да бараат помош, бидејќи имало и повредени. Први ги добиле операторите на Единствениот број за итни случаи 112 во Регионалниот ЦУК Струмица, коишто веднаш на англиски се разбрале, оствариле конференциска врска со колегите од 112 од Грција, а и со колегите во ЦУК Скопје, по што грчката Итна медицинска помош и Полиција биле известени и им помогнале на повредените“, велат од ЦУК.
Како што додаваат, ова е уште еден пример, во низата, кога преку Единствениот број за итни случаи 112, независно дали повикот е прифатен од операторите на Република Грција или од Република Северна Македонија, во заедничка соработка се спасуваат граѓани од двете држави коишто биле во животозагрозувачка ситуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

