Македонија
Четириесет војници да гласаат за ВМРО или нема да бидат војници, му вели Јанакиески на соговорник
На продолжението на денешното рочиште за предметот на СЈО „Титаник”, во судницата се репродуцираат бомби. Во телефонски разговор од 23 март 2013 година, ексминистерот за транапорт и врски Миле Јанакиески на извесен Борче му дава наредба да обезбеди 40 војници кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2013 година.
„АРМ 40 војници да гласаат за ВМРО или нема да бидат војници”, му вели Миле Јанакиски на Борче. Соговорникот му одговара дека за тоа треба да го бара извесен Сашо.
Во друг разговор од истиот ден, соговорник на Јанакиески му вели дека ги има списоците со доктори, ќерки и деца и биле 300 лица кои ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ. Јанакиески во друг разговор вели дека имаат 18 повикувачки центри низ дежавата и дека направиле база од 10 илјади членови кои добиле списоци од членството за гласање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

