Македонија
Четири нови случаи на коронавирус во Дебар, една од заразените е во влошена состојба
За четири нови случаи на заразени од коронавирусот во Дебар соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека заболените пациенти се со лесна клиничка слика и дека ќе бидат хоспитализирани.
„Денеска дојдоа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје – Дебар од уште 10 лица кои се во врска со втората група на хоспитализирани пациенти. Тоа се вкупно 24 лица, сите во домашна изолација. Тие 10 лица, покажале знаци за горнореспираторно заболување. Четири се позитивни. Тоа значи дека имаме уште четири нови пацинети кои ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести. Сите се со лесна клиничка слика“, рече Филипче.
Министерот кажа дека денеска на владина седница се очекува да биде прогласена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, по што во текот на денот ќе се соопшти што конкретно ќе биде преземено.
Дополнително влошување има кај една пацинетка, информираше Филипче, за која кажа дека се работи за првата жена која беше заразена во Дебар и таа е можно да биде ставена на машини за вештачко дишење.
„Пациентите се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, патничката која беше примена со нејзиниот сопруг. Таа има дополнително влошена состојба и е на граница да биде поставена на апарат за механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со дополнителна терапија ќе го преброди овој период, но спремни се да има и дополнителни мерки како сетурација на кислород, односно да биде поставена на машина за дишење“, додаде Филипче.
Изолиран е и државјанин на Македонија кој дошол од Германија, поради тоа што има покачена температура.
„Еден патник е стигнат на скопскиот аеродром. Наш државјанин од Германија. Сoмнителен е бидејќи има лесно покачена температура. Тој е изолиран и му е земен материјал за тестирање. Изолирани се луѓето кои седеле околу него. По пристигнување на резултатите, ќе информираме за неговата состојба и начинот на лекување, како и за другите патници“, додаде министерот.
Со четворицата новозаразени бројката на инфицирани лица во земјава се искачи на 13. Но министерот соопшти и дека првата пациентка, која во земјава допатува во Италија, е веќе излекувана и треба да добие отпусна листа во текот на овој или утрешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

