Македонија
Четири прстени на врвот на светот: Audi e-tron GT ја доби наградата World Car 2022
Audi e-tron GT quattro е голем победник на овогодинешното доделување на World Car наградите за автомобили, кои по 18-ти пат беа доделени во Њујорк. Номиниран во категориите Светски Електричен Автомобил на годината, Светски Автомобил со Високи Перформанси и Светски Дизајн на Автомобили на годината, e-tron GT quattro ја однесе титулата Светски Автомобил со Високи Перформанси на најголемата и најпрестижна церемонија на доделување на нови автомобили во светот, наречена „Оскари на автомобилскиот свет“. Повеќе од 100 авто-новинари од целиот свет темелно ги тестираа автомобилите што се квалификуваа, а потоа гласаа за нив.

„Среќни сме што целосно електричниот Audi e-tron GT quattro беше финалист во три категории само една година по неговата светска премиера“, рече Оливер Хофман, член на Управниот одбор за технички развој, по програмата за награди. „Фактот што Audi e-tron GT quattro ја презема титулата „World Performance Car“ и со тоа оваа награда ја добива Audi по петти пат, секако, нѐ прави особено горди. Audi e-tron GT quattro докажува дека електричната мобилност може да биде одржлива, динамична и фасцинантна. Затоа тоа е важен дел од нашата посветеност на електричната мобилност“. Од 2026 година, Audi ќе лансира само нови модели со електрични погонски системи на глобалниот пазар. Почнувајќи од 2025 година, целото производство на локациите на Audi ќе биде јаглеродно неутрално. Тоа веќе се случува сега во Брисел, Ѓер и Болингер Хофе, каде се произведува Audi e-tron GT quattro.

Софистициран систем за термичко управување за репродуктивни перформанси
Перформансите што му ја донесоа на Audi e-tron GT quattro наградата World Performance Car се обезбедени, во голема мера, благодарение на софистицираниот систем за термичко управување. Во Audi e-tron GT quattro тој систем се состои од четири термички кола. Тоа значи дека батеријата и компонентите на погонскиот систем остануваат на нивната идеална температура, што резултира со карактеристики на изведба кои можат да се репродуцираат во секое време.

Благодарение на интелигентното термичко управување, како и планерот на рути на патување, e-tron GT quattro ќе ја стави батеријата во идеален температурен опсег за полнење, во зависност од надворешната температура, дури и додека автомобилот вози – што е корисно за брзо полнење до 270 kW.

Audi продолжува да ја проширува својата победничка серија
Овогодинешната победа за Audi претставува севкупна единаесетта победа на World Car наградите за автомобили, со што брендот со четирите прстени станува најуспешен производител во историјата на доделувањето на овие награди.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„На кого веќе не му е јасно? Домашниот притвор за Груби –дил за политички цели“, велат од СДСМ
„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ.
„Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски кадри.
Сопруга на екс градоначалник на ВМРО ја назначија за член на Судскиот совет. Советник на Мицкоски беше избран во Уставниот суд. Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди за случаи во тек.
Шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. На кого веќе не му е јасно?
Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана, правда нема, има контролирано обвинителство и судство кое одлучува под диктат на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Правна држава нема – има дил за политички цели и кампања на власта!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“
Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“.
Според нив, Ккќниот притвор не е олеснување. Тоа е, како што велат, знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите.
„Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника.
Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен. Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите.
Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција“.
Ова, додаваат од коалицијата, не е крај. Според нив, ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

