Македонија
Четири часа трае распитот на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова
Четири часа трае распитот на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Распитот ќе продолжи по паузата која ја даде обвинителката за организиран криминал Ивана Трајчева, која ја менува Вилма Русковска.
Медиумите пред обвинителството чекаат изјава од Стефанова, откако таа при доаѓањето ги избегна новинарските екипи и влезе од задниот влез.
Стефанова и специјалната обвинителка Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во врска со случаите „Рекет” и „Империја”.
Лиле Стефанова е обвинителката за предметот „Империја“, каде што осомничени се Орце Камчев и Цветан Панделески. Во една од снимките што се објавени од италијанскиот весник „Ла верита”, поврзани со случајот „Рекет”, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајќи му се на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во предметот „Империја”, кој го води Стефанова.
Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја”, потсетувајќи дека барањето за издавање времен пасош било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

