Македонија
„Човекот фатен со марихуана е соработник на Мицкоски, колку што Илон Маск е на Ковачевски“, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Посочените лица се блиски соработници на претседателот Мицкоски колку на Ковачевски што му е близок соработник Илон Маск. Но, шегата на страна, во присуство на сериозни афери за убиени деца, за милионски тендери и криминал на сите страни, СДС одбира да ја забавува јавноста со фотографии кои не само што не докажуваат ништо, туку и се редат во намерен контекст, се измислува некаква близина само со цел да се води црна кампања за покривање на сите нивни неуспеси и афери“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.
„Ако имало било што незаконски во фотографијата во која има некое си лице, убедени сме дека Спасовски ќе го решеше однапред и едвај чека да најде нешто сомнително, но реалноста е дека ниту има такво нешто, туку се прави театар за јавноста да се покријат сопствените слабости.
Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната се оние фабрики кои растат во Струмичкото поле и кои се во посед на фамилијата која ја поседува СДС.
Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец, турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова
Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша Гир.
Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).
Македонија
Орбан со честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Сиљановска-Давкова
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка.
„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.
Македонија
Одбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска Владата на Република Северна Македонија свечено ќе ги одбележи овие два значајни празника.
Во 11:00 часот, владина делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.
Во 12:00 часот, владина делегација предводена од Талат Џафери, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.