Македонија
Битиќи, Шукова и Манолева: Со изградбата на експресниот пат Штип- Кочани се создадоа можности за подобар квалитет на животот на граѓаните од источниот регион
Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Kaja Шукова и заменик-министерката за здравство, Маја Манолева, го посетија Кочани за да разговараат со граѓаните и бизнисмените за придобивките кои ги имаат од изградбата на експресниот пат Штип- Кочани.
Во неговата изјава за медиумите вицепремиерот Битиќи рече дека оваа влада ја има препознаено клучната улога што ја игра инфраструктурата во поттикнувањето на економскиот раст и подобрувањето на севкупниот квалитет на живот на нашите граѓани, и токму затоа гради автопатишта и експресни патишта, како што е примерот со експресниот пат Штип-Кочани во вредност он над 46 милиони евра.
„Овие брзи сообраќајници не само што ги поврзуваат градовите и регионите, туку и носат мноштво придобивки за економскиот напредок и просперитет на државата преку транспорт на луѓе и стоки. Со овој модерен експресен пат создадовме услови и за безбедно патување на луѓето до саканите дестинации. Придобивките од експресниот пат Штип- Кочани најдобро ги чуствуваат компаниите од Источниот плански регион, на кои им овозможивме брз транспорт на нивните стоки, но истовремено финансиски ги поддржуваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции за нивна поголема конкурентност на странските пазари, со што придонесуваме и за регионален развој“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи посочи дека од почетокот на законот заклучно со 2022-ра година, само во Источниот регион имаме исплатено 630 милиони денари по ЗФПИ за 3.7 милијарди денари инвестиции на 89 компании, а само во тековната 2023 година, имаме склучени нови 44 договори.
„Со реализацијата на овие нови инвестиции се покажува дека како Влада имаме изградено реален капацитет и услови за поттикнување и реализација на нови инвестиции во делот на реалниот сектор, кои отвораат нови и добро платени работни места за нашите граѓани“, заклучи Битиќи.
Министерката Шукова во својата изјава ја истакна важноста на патна инфраструктура во делот на управувањето со отпадот, бидејќи придонесува за подобра поврзаност на населените места и побрзо и побезбедно движење на возилата.
„Сакам да нагласам и дека во источниот дел од државата, во изминатите неколку години прогласивме две нови заштитени подрачја, а подобрената патна инфраструктура дава можности за развој на еко-туризам во овој дел државата и привлекување на домашни и странски туристи”, додаде Шукова.
Заменик-министерката за здравство, Маја Манолева истакна дека новиот експресен пат што ги поврзува Кочани и Штип, гледано од медицински аспект е значаен напредок во областа на здравствената инфраструктура во нашата земја.
„Ако пред пет години од Кочани до Скопје се патуваше еден час и 40 минути, сега се стигнува за помалку од еден час, а тоа е од големо значење за пациентите кои имаат закажани прегледи во Скопје, како и за итните случаи кои треба брзо и навреме да стигнат во Скопје. Кога станува збор за пациентите, добро знаете дека секоја минута е важна и патиштата што го скратуваат времето на патување имаат голем придонес за спасување на животите во одредени случаи. Освен што оваа инвестиција го намалува времето на патување и растојанието помеѓу Кочани и Штип, таа исто така ги подобрува условите за патување. Со две коловозни ленти и две ленти за застанување, новиот експресен пат овозможува безбедно и брзо движење, што е особено важно за итните случаи и превоз на пациенти“, рече заменик-министерката Манолева, притоа посочувајќи дека не станува збор само за пат, туку и за врска помеѓу здравствени установи, што го олеснува и пристапот на граѓаните до здравствени услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Села: Не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии
Зијадин Села од Алијанса за Албанците во интервју за Трилинг по изборите и изборните резултати и случувања, вели дека се работи за изборен инжинеринг и закрупнување на неколку политички сили. Според Села, не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии.
„Тука се најглавните албански партии. А дали сме подготвени за во опозиција, по демократските правила, тоа не го кажувааат политичките чинители, тоа го кажува народот, кој гласаше на 8 мај за Европскиот фронт да презема одговорности и да биде дел од власта“, вели Села.
Тој смета дека „погрешна е дефиницијата за коалицирање победник со победник, треба да е мандатар со победник. Победникот од македонската страна е дефиниран со Устав. Демографската реалност е за да има стабилност и да одиме напред, треба да се испочитува волјата на втората етничка заедница која е 30%, наспроти 54% кои се Македонците, според последниот попис“.
Додава дека Владата треба „да се изјасни во врска со обидот за изборен инженеринг. Според Пржинскиот договор, на техничкиот премиер е да обезбеди фер и демократски избори. Тие не се надвор од одлуките кои се носат во ДИК и Управен суд. Техничката влада е договор на најголемите политички партии“.
За тоа како Европскиот фронт ќе се однесува како опозиција во Собранието, Села вели „треба да се почитува желбата на граѓаните, не на Мицкоски. Ние ќе се однесуваме сразмерно на тоа како ќе биде решено. Не сакам да коментирам желби. Од ДИК се уште не се објавени мандатите, кој колку има. Се уште Мицкоски не е мандатар“.
Македонија
Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.