Македонија
Чулев: Ако докторите дозволат, специјалци ќе извлечат трудница од изолација во кризните подрачја
Полицијата во Скопје врши контрола на 230 лица, кои имаат решенија за здравствен надзор, и на 1.000 лица, кои треба да бидат во самоизолација, а се вршат и засилени контроли во Скопје поради собирање и групирање луѓе, информира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој рече дека дека во моментот специјалци извлекуваат трудница од кризното подрајче, но чекаат дозвола од епидемиолозите.
„МВР ги презема мерките за гарантирање на безбедноста и здравјето на граѓаните, првенствено во кризниот дел на државата. Одделот за специјални полициски операции презема активности во кризното подрачје, но ги ангажиравме и во целата држава. Тие го регулираат спроводот кон и од кризното подрачје, а тоа се Дебар и Центар Жупа, а исто така се ангажирани и за спроведување на одлуките на Владата во целата дражва. Тие во изминатите 2 дена реализираа излекување на 64 лица и 2 лица во текот на вечерта со 24 возила од селата Тресонче, Лазарополе, Осој, Манастирец. Овие села се во периметарот на кризното подрачје, но лицата беа изолирани и контролирани од епидемиолог, кој даде дозвола да се извлечат“, истакна министерот.
Во Дебар и Центар Жупа се пропуштени 60-ина возила, кои доставувале храна и лекови. Во моментот се извлекува трудница од кризните подрачја, која чека преглед од епидемиолог.
„Вчера, беа пропуштени 18 возила со храна, 4 возила со лекови, 15 возила од компаниите што работат на подрачјето на Дебар, пропуштени се и 25 возила со 34 лица што вршеле достава на храна, лекови и средства за дезинфекција во општина Дебар. Во моментот медицински лица работат да извлечат една жена, трудница, која заедно со специјалните полициски сили ќе биде надвор од кризното подрачје доколку тоа го дозволат епидемиолозите“, кажа Чулев.
СВР Велес контролира 99 лица, кои се во самоизолација, тетовската полиција врши контрола на 17 лица со решенија за здравствен надзор и 185 со наредба за самоизолација. Во Штип има 10 лица со решенија за здравствен надзор, а 246 со наредба за самоизолација. Во Срумица има 11 лица со решенија за здравствен надзор, а 172 со наредба за самоизолација. Во Битола има 32 лица со решенија за здравствен надзор, а 140 лица со наредба за самоизолација. Во Куманово има 6 лица со решенија за здравствен надзор, а 221 лице со наредба за самоизолација. СВР Охрид врши контрола на 82 лица со решенија за здравствен надзор, а 205 се лица со решение за самоизолација.
„Одделот за специјални полициски задачи даваше асистенција на СВР Скопје за контрола поради недозволено групирање и собирање граѓани за кои имаше информации дека се собираат во одделни подрачја и други градови за кои имаше информации дека не се почитува одлуката на Владата. Информирам дека уште во текот на денешниот ден секторите за внатрешни работи ќе бидат зајакнати со припадници на Единицата за брзо распоредување, со цел поефикасна контрола на мерките од Владата“, рече Чулев.
Тој повика граѓаните да пријавуваат непочитување на мерките.
„Во однос на телефонската линија, информира дека во изминатите два дена евидентирани се вкупно 59 еленткронски пораки и 402 телефонски повика, а се прашува за регулирање на сообраќајот за товарни возила, функционирањето на граничните премини, како и за постапка за извлекување наши граѓани на друга држава. За повеќето од прашањата, ги повикувам совесните граѓани да ги користат 080000201 и имејл-адресата за да добијат целосни информации и да пријават непочитување на мерките за самоизолација или секое друго непостапување, како забраните за собири, функционирањето на угостителските објекти“, потенцира техничкиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

