Македонија
Чулев: Првата ноќ со полициски час генерално во државава се почитуваа мерките
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ќе побара ново заострување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Тој извести дека по првата ноќ со полициски час генерално во државава се почитувале мерките за ограничено движење на граѓаните.
„На координативен штаб утрово во Министерството за внатрешни работи донесовме одлука за заострување на мерките. Доколку бидат усвоени од Владата и се донесат, јавноста ќе биде информирана“, рече министерот Чулев.
Тој извести дека биле уапсени 18 лица кои не ја почитувале забраната за движење во периодот од 21 до 06 часот утрово.
„Две лица освен што не ја почитувале забраната за движење во себе имале и оружје. За прекршителите на мерките поднесени се 9 кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик. МВР презема активности за утврдување елементи за кривична пријава и за останатите сторители. Доколку се утврди сторената активност е прекршок, а не кривично дело, ќе бидат поднесени прекршочни пријави“, рече министерот Чулев.
Полицијата контролира 618 лица со решенија за здравствен надзор и 7307 лица со решенија за самоизолација, извести министерот Чулев. Извршени биле 322 контроли за изолација и 3300 контроли за самоизолација. Полицијата утврдила дека 22 лица не ја почитувале мерката за изолација.
„Имаме лице кое имало решение за здравствен надзор, не ја почитувало одлуката и покрај поднесената кривична пријава, и е однесено во државен карантин“, рече министерот Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

