Македонија
„Шанса за Центар“: Предизборно се планира приватизација на службените лаптопи, ексклузивитет за „Работнички“ и предизборни вработувања во Општина Центар
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, чиј носител е актуелната советничка во Општина Центар, Јана Белчева, се противи на усвојување на предлог-одлуките што се ставени на дневен ред на седницата на Советот на Општина Центар за четврток, 16 септември.
„На дневен ред се ставени точки со кои се планира службените лаптопи, кои советниците со мандат од 2017 до 2021 ги добија на користење да им се предадат во приватна сопственост, да му се даде ексклузивитет на кошаркарскиот клуб ‘Работнички’ кому спортските сали на осумте општински основни училишта му се нудат без надоместок и предлог за 26 предизборни вработувања.
„Шанса за Центар“ потсетува дека улогата на Советот законски е огромна и предвидува дека избраниците на граѓаните на локално ниво решаваат за петнаесетина клучни надлежности на Општината, без кои не може градоначалникот сам да носи одлуки, а една од нив е дека ‘решава за начинот на располагање со сопственоста на Општината’. Оттука граѓанската иницијатива ‘Шанса за Центар’ нагласува и ги потсетува дека советниците имаат клучна улога во носењето политики, кои треба да го унапредат квалитетот на животот на сите жители на општината. Советниците треба да дејствуваат во корист на жителите на општината од кои се избрани, а не во корист на политичките партии што ги предлагаат“ велат од иницијативата.
„Шанса за Центар“ предлага таблетите и лаптопите ,кои со оваа предлог-одлука треба да преминат во приватна сопственост на советниците по 17 октомври, да се преименува и тие да им се донираат на училиштата во општината.
„Во услови на постепена дигитализација во училиштата, сметаме дека оваа пренамена на ресурсите ќе биде од корист на Општината. ‘Шанса за Центар’ го поддржува развојот на спортот во општината, но е со став дека времето во спортските сали треба рамноправно да се распредели на сите спортови за кои децата имаат интерес и без ексклузивитет кон ‘Работнички’. Особено што ‘Работнички’ салите ги добива без надомест, а родителите плаќаат полн надомест за децата да тренираат.
Последно за што граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ сака да предупреди е предлог-одлуката да се одвојат пари за нови 26 вработувања од општинскиот буџет за 2022 година. Според став 1 од членот 2а од Изборниот законик „од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршување на изборите не може да се почне постапка за вработување нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции“, додаваат од иницијативата.
На речиси еден месец до локалните избори од „Шанса за Центар“ сметаат дека ова е начин за поткуп на гласачите на кои им се ветуваат вработувања ако победи мнозинството во досегашниот совет, односно коалицијата предводена од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе се тестираат камерите на автопатот Охрид–Кичево во рамки на „Безбеден град“
Сектор за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Како што информираат од СВР Охрид, активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид–Кичево, и тоа помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на потегот помеѓу Ботун и Ново Село, во општина Дебрца.
Планирано е активностите да започнат во 12 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно спроведување на активностите.
Македонија
СДСМ: Каде е др. Жан Митрев и зошто Обвинителството не реагира
СДСМ вели дека додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажна кампања и линч против претседателот на партијата, Венко Филипче, во јавноста го нема д-р Жан Митрев.
Во соопштението се наведува дека д-р Жан се појавил на телевизија Алфа, каде што, според СДСМ, изнел лаги за Филипче, по што, како што се посочува, исчезнал од јавноста.
„Прашањето е каде е др Жан? Дали Обвинителството го повика?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека кампањата против Филипче трае со недели во медиуми кои ги нарекуваат контролирани од ВМРО/Орбан, без никаква реакција од Обвинителството.
Од партијата наведуваат дека со недели поставуваат прашања кога д-р Жан ќе даде изјава пред надлежните институции, но, како што посочуваат, не добиваат одговор.
Македонија
Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција
Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.
„Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад“, велат од Комунална.
Воедно, во текот на минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје објави дека нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје.

