Македонија
Шахпаска: Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети
Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети и за таа цел Министерството за труд и социјална политика со сите свои капацитети ќе биде дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, особено во компонентата за човекови права и алтернативни санкции“ , нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната работна средба со имплементаторите на проектот Мојца Кузмички и Дитер Шиндлауер.
Главна цел на овој ЕУ/ИПА-проект е зајакнување капацитетите на релевантните институции за владеење на правото и почитување на човековите права.
Министерката Шахпаска истакна дека поддршката што МТСП ќе ја добие особено во делот на спречувањето на родовото насилство и родовата дискриминација, заштитата на децата, како и градењето на капацитети за спречување на семејно насилство е многу значајна.
Таа ја изрази подготвеноста на Министерството и неговите служби за активно вклучување во проектните активности.
Преку петгодишниот грант проект ќе се овозможи јакнење на капацитетите за примена на принципите базирани на човекови права, подобрување на капацитетите за имплементација на политиките за детски права и системот за заштита на децата, зајакнување на состојбите по однос на родово базираното насилство и родово базираната дискриминација, како и подигнување на свеста за човековите права и институциите што ги штитат, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

