Македонија
Шахпаска: Работиме на подигнување на квалитетот во предучилишното образование
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со заменик-амбасадорката на Велика Британија во земјата, Џулија Смит, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција ди Џовани, и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на презентација на „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“ во детската градинка „Кочо Рацин“ во Скопје.
Препознавајќи ја важноста на раното учење и развој, Министерството за труд и социјална политика почна реформа на секторот за ран детски развој со цел да се зголеми пристапот и да се подобри квалитетот на предучилишното образование во земјата. Во соработка со УНИЦЕФ и британската влада се овозможи поддршка за воспитувачите во предучилишните установи и за социо-емоционалното учење.
„Социо-емоционалниот развој на почетокот на животот е од клучно значење за целокупниот понатамошен развој на личноста и има огромно влијание за квалитетот на живот на секоја индивидуа. Како ресорно министерство во континуитет работиме на зајакнување на компетенциите на воспитниот кадар во градинките и подигнување на квалитетот на предучилишното образование“, рече Шахпаска.
Според надлежните, менторската поддршка од страна на воспитувачите за колегијална поддршка кон преостанатиот воспитен кадар има големо значење. Таа им помага на другите воспитувачи во совладувањето социо-емоционални стратегии базирани на истражувања што имаат цел да ги задоволат специфичните развојни потреби на малите деца.
Програмата, според Министерството, вклучува и развој на професионални компетенции кај воспитувачите во соработка со професори од сите наставнички факултети. Преку интензивни четиримесечни процеси на предавања, средби и колегијална поддршка беа вклучени 71 градинка, 192 активни воспитувачки за колегијална поддршка,1.366 воспитувачки, 102 претставници на стручната служба и 47 директори.
На презентацијата, покрај воспитниот и стручниот кадар од градинката, присуствуваа и родители и деца, со цел на интерактивен начин им се приближат неопходните алатки за социо-емоционален развој на децата бидејќи програмата предвидува и вклучување на семејствата во целиот процес, со што децата ќе продолжат наученото во градинка да го практикуваат и дома, информираат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

