Македонија
Шахпаска: Со деинституционализација Заводот за рехабилитација Бања Банско ќе овозможи современи социјални услуги
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско во општина Струмица кој што претставува дел од процесот на деинституционализација започнат со воведувањето на социјалната реформа.
Смислата на процесот на деинституционализација, истакна министерката Шахпаска е лицата сместени во институција, вклучително и лицата со попреченост во Заводот Бања Банско, да бидат сместени и да живеат со поддршка преку системот на социјална заштита.
„Трансформацијата на Заводот ќе значи преобразба во еден современ давател на услуги согласно потребите на лицата со попреченост почитувајќи ги одредбите од конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. Тоа значи и дека Заводот за рехабилитација во Бања Банско ќе биде давател на повеќе социјални услуги: рехабилитација и реинтеграција на лицата со попреченост, професионална рехабилитација и вклучување лицата со попреченост на пазарот на трудот, а доколку има потреба, преку Заводот можеме да ја зајакнеме достапноста на услугите лична асистенција и помош и нега во домот за лицата со попреченост. Целта е лицата со попреченост да можат активно да се вклучат во општеството согласно нивните способности и потреби“, посочи министерката Шахпаска.
Министерството за труд и социјална политика покрај грижата за штитениците, додаде министерката, се грижи и за вработените, кои ќе бидат вклучени како даватели на новите социјални услуги, со помал број на корисници и можност за сопствен професионален развој.
Директорката на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, информираше дека Заводот постои 47 години, време за кое престојувале околу 300 корисници. Притоа, како дел од процесот на деинституционализација 11 корисници веќе живеат надвор од институцијата, со поддршка, во групни домови односно четири станови во Струмица, една куќа во Добрејци и Миравци.
Министерството за труд и социјална политика го продолжува процесот на деинституционализација кој треба да одговори на потребите и барањата на лицата со попреченост , за истите да се чувствуваат како активни чинители во нашето општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

