Контакт

Македонија

Шекеринска: Постигнавме многу, Северна Македонија седна на заслуженото столче на масата на НАТО

Објавено пред

Поканата за членство во алијансата, потпишаниот пристапен протокол, договорите со Бугарија и Грција, голем број одликувања и награди доделени на воениот и државниот врв и многу други експонати се дел од музејската изложба „70 години НАТО и Република Северна Македонија, 30-та членка на алијансата“, која беше отворена денеска во Воениот музеј.

dobivaj vesti na viber

На изложбата, која се организира по повод 4. Април – Денот на НАТО, беше промовирана и јубилејната поштенска марка посветена на 70-годишнината на алијансата. Издавањето на поштенската марка ја следи традицијата на издавање на првите поштенски марки на НАТО во 1952 година од страна на Соединетите Американски Држави и Португалија.

„НАТО е најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата и на Денот на НАТО добро е да се потсетиме на моторот на оваа организација, а тоа е колективната одбрана и безбедноста, но можеби уште поважно, на духот и вредностите што се вградени во темелите на евро-атлантскиот сојуз, а, тоа се индивидуалните слободи, демократијата, човековите права и владеењето на правото“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на отворањето на изложбата.

Министерката додаде досега Денот на НАТО го одбележувавме не само затоа што веруваме во вредностите на алијансата туку и затоа што имавме јасна цел да бидеме нејзин дел. Порача дека оваа година овој ден е и ден на нашата земја, нашите граѓани.

„Денеска е подобро. Денеска е поинаку. Денеска овој ден е и наш ден како земја поканета да стане членка на НАТО. Денеска се гордееме затоа што и нашата татковина седи на масата на алијансата заедно со сите сојузници, а очекуваме набргу да има можност и да носи одлуки што ќе влијаат на глобалната сигурност, глобалната безбедност и мирот во светот“, истакна Шекеринска.

Во контекст на членството во НАТО, министерката истакна дека на овој ден најголемата честитка стигна од Полска и од Словачка, чии парламенти го ратификуваа протоколот за членство на нашата земја во алијансата.

„Го одбележуваме 4 Април верувајќи во уште помирно, побезбедно, поперсперитетно утре за сите нас. Гледајќи низ историјата, преку сите поставки на оваа музејска изложба, се потсетуваме каде бевме, но и што сè постигнавме заедно со многу труд, со многу работа, со многу одрекувања и честопати болни компромиси. Следниот 4 Април, на ова место, немам дилеми дека заедно со овие важни документи ќе стои и последниот печат, а тоа ќе биде документот со кој ние ќе се потврдиме како 30-та членка на најмоќниот воено-политички сојуз“, заклучи министерката Шекеринска.

По отворањето на музејската изложба, во организација на Министерството за одбрана и Фондацијата „Фридрих Еберт – канцеларија Скопје“ (ФЕС) се одржа панел-дискусија на тема „70 години НАТО – успех што се должи на спремноста за промени“.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, на панел-дискусијата истакна дека му претставува чест да се биде на врвот на воената хиерархија и да се раководат процесите за имплементирање на стандардите за полноправно членство во НАТО.

„Ги споделуваме вредностите, принципите, но и одговорностите од членството во алијансата“, рече Ѓурчиновски.

На панел-дискусијата учествуваа и генералот Стјуард Скејтс, заменик-командант на НАТО – Командата во Брунсум, пензионираните генерали Илија Николовски и Мирослав Стојановски, полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на НАТО- канцеларијата за врски во Скопје, директорката на ФЕС, Ева Елерајт, и професорката Лидија Георгиева.

Македонија

Да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари, му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, велат од СДСМ

Објавено пред

Му се извинуваме на Орце Ѓорѓиевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според оваа партија, за два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле, како што истакнуваат, „омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник“.

„20 милиони денари е тендерот за „Пирамид Б“ со склучен договор на 05.12.2026 година.

76 милиони денари е тендерот за „Ленди Груп“ со склучен договор од 28.01.2026 година.

Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?

Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56 тендери на „Пирамид билдинг“, каде е татко му на шефот на кабинет на Мицкоски, Нелоски?

Или да се извинуваме и 74 тендери на „Ленди груп“ вредни 17.5 милиони евра?

Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?

Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе“.

А што се однесува до чантата, следниот пат, додаваат од опозициската партија, кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, „очигледна е“.

„Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Објавено пред

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.

По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.2.2026 година под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и асистенција на САЕ Тигар извршија претрес на дом и други простории во Мала Речица.

При претресот кај осомничениот се пронајдени и одземени секира, пет ножа со различна должина, телескоп, седум Iphone мобилни телефони и компјутер. Исто така, од таткото на осомничениот е одземен пиштол за кој поседува дозвола и повеќе парчиња муниција. Останатото пронајдено оружје – пиштол и автоматска пушка, дедото на осомничениот ги поседувал без дозвола и за него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и со Решение мерката е определена во траење од 30 дена, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Првиот том на етимолошкиот речник – капитално дело за македонскиот јазик реализирано со буџетска поддршка, ќе растат средствата за наука, најави Јаневска

Објавено пред

Првиот том на Македонскиот етимолошки речник е дело од огромно значење за македонскиот јазик, литературата и науката. Целиот проект за прв ваков речник е доказ дека кога државата вложува во наука, а научните работници со посветеност истражуваат и создаваат нови вредности, тогаш имаме значајни и трајни резултати, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на промоцијата на Речникот којшто е еден од научно-истражувачките проекти што беа финансирани во 2025 од буџетски средства. Негов автор е професор д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Јаневска нагласи дека Министерството за образование и наука има полна поддршка од Владата да ги зголемува вложувањата во научни истражувања. Лани со 374 милиони денари беа финансирани 40 научно-истражувачки проекти на државните универзитети и факултети, на научните институти и на МАНУ, а во наредниот период ќе се вложуваат уште повеќе пари во науката и истражувањата.

Минатата година буџетот за наука беше речиси двојно поголем од 2024 и изнесуваше 680 милиони денари, а оваа година се обезбедени 773 милиони денари.

„Македонија мора да се сврти кон науката ако сакаме да направиме исчекор од досегашниот тек на работите во сите сфери. Премногу долго сме заробени во инерција, навики и модели што не носат напредок. Светот, па и регионот, одат напред со брзи чекори, а ние не смееме да си дозволиме само да ги гледаме“, укажа министерката Јаневска.

Финансирањето на издржани научни проекти веќе нема да биде проблем. Заедно со новите закони за високо образование, за научно-истражувачка дејност и за квалитет во високото образование ќе се создаде добра основа за развој на науката и истражувањата и важно е само научниците и професорите да сакаат да творат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија3 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија4 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ5 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија5 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет6 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија7 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија8 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет8 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет8 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет9 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија20 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија1 ден

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија1 ден

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија1 ден

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија1 ден

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија1 ден

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...