Македонија
Шест месеци не може да почне судењето за градбата на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ
Кривичниот суд во Скопје повторно ја одложи седницата за оценка на обвинителниот акт за случајот на СЈО – „Талир 2“ за незаконската градба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, попознато како белата палата.
Седницата што требаше да се одржи минатата недела била одложена, а извори за „Макфакс“ потврдуваат дека следниот обид на судот за оценката на ова обвинение е кон средината на јуни. Тоа значи дека точно половина година скопска „единица“ не го оценила ова обвинение.
Последното рочиште за оценка било одложено по барање на странките. Од СЈО посочуваат дека тие никогаш не барале одлагање на рочиштата за оценка на обвинението, туку дека еднаш оценката била одложена по барање на судот и двапати на одбраната.
Истрагата за овој предмет беше отворена во рокот од 18 месеци што го имаше СЈО, но обвинението е поднесено по истекување на рокот, поточно на 22 ноември 2018 година. Првото обвинение за „Талир“ беше оценето на 11 јануари. Судењето сè уште не почнало и постојано се одлага поради отсуство на обвинети и адвокати.
Обвинението за изградбата на партиското седиште се однесува на начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот вреден 8,2 милиони евра, а е поднесено против бегалецот Никола Груевски и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. СЈО тврди дека „Бетон“ не смеела да влезе во партнерство со ВМРО-ДПМНЕ за изградба на белата палата бидејќи во 2011 и 2012 година, кога почнал да се гради објектот, градежната компанија, дури 75 отсто од приходите ги добила од државни тендери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

