Македонија
Шест хуманитарки кои готват за 150 гладни луѓе добија бесплатен билет за ЈСП
Александра Илиевска, Наташа Донева,, Љубинка Митовска, Снежа Атанасовска, Душка Корицинска и Ружа Зврлеска се шестте хумани жени волонтерки кои од понеделник до петок се грижат повеќе од 150 корисници подготвуват топол оброк во ѓаконијата во црквата „Св. Петар и Павле“, општина Ѓорче Петров.
Оваа е единствената ѓаконија во Скопје која се уште успева, со помош на донации од граѓаните и институциите, да функционира. За да им помогне во реализирање на оваа хумана работа градоначалникот Сокол Митровски донесе одлука да им се доделат бесплатни годишни автобуски билети.
„Со ништо не може да се надокнади вашата хуманост. Овие билети, кои по седми пат годинава Ви ги доделуваме во соработка со ЈСП, се само скромен придонес и воедно и наш израз на благодарност затоа што секојдневно им помагате на оние на кои помошта им е неопходна. Воедно сакам да апелирам до сите хумани луѓе но и стопанственици да се вклучат во помошта за оваа наша народна кујна“, изјави Митровски.
Отецот Костадин Малинов од црквата „Св. Петар и Павле“ кажа дека во оваа благородна мисија може да се вклучи секој кој сака да донира во храна, или со финансиски средства , секој ден од 09-13 часот . „Општината помага и со набавка на храна и продукти , а кога се работи тимски резултатите се видливи“, истакна Малинов.
Вредните ѓакониски готвачки се заблагодарија за подршката, но им се заблагодарија на сите оние новинари кои со своите натписи во дневниот печат и другите информативни гласила придонесоа да се поголем број донатори носат неопходни намирници за подготовка на топлиот оброк за социјално загрозената категорија на ѓорчепетровци но и корисници од другите општини.
Општината како и до сега така и во иднина ќе изнаоѓа начини да помогне за непречено функционирање на последната скопска ѓаконија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

