Македонија
(Видео) Шилегов: „Вардариште“ е минато, ќе се формира претпријатие за грижа на животните
„Вардариште“ е минато. Донесов одлука Град Скопје да почне со постапка за формирање претпријатие за грижа на животни, соопшти градоначалинкот Петре Шилегов.
Ова значи дека за бездомните животни нема да биде надлежно ЈП „Комунална хигиена“, туку новото претпријатие ќе има целосна надлежност за ветеринарна грижа, стерилизација и удомување на животните.
„Постапката тече паралелно со чипирање на домашните миленици, со цел кога ќе заврши овој процес, да функционира стационарот во Скопје. Новиот систем ќе овозможи решавање на проблемот. Тој бара инволвирање повеќе граѓански активисти и здруженија со цел бројот на бездомни животни да се сведе на минимум“, рече Шилегов. Притоа, додаде тој, имам предвид дека Скопје не е изолиран остров и дека едностран пристап од градската администрација нема да има целосен ефект, туку тоа може да се оствари заеднички со други институции.
Според него, не постои инстант-решение за кучињата бездомници, но тоа не е изговор за институциите да не најдат одржливо решение.
„Паралелно со подготовката на админситративните процедури, почнуваме и процес на консулатции со граѓански здруженија со цел тие да бидат дел од управувањето на новиот станционар. Тој ќе биде основан со буџет од Град Скопје“, рече Шилегов.
За името на новото јавно претпријатие сè уште нема одлука, но лична желба на Шилегов е да се вика Лајка, оти тоа е куче што го има сменето човештвото и е од улиците на Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

