Македонија
Шилегов ја прекина седницата, „Дрисла“ ќе добие концесионер по изборите
Советот на Град Скопје ја прекина денешната 30-та седница што беше закажана со две точки на дневен ред поврзани со изборот на приватен партнер за вршење концесиска дејност и вложување во Јавното претпријатие за депонирање комунален отпад „Дрисла“.
Седницата беше прекината по барање на градоначалникот Шилегов, кој како причина го наведе одржувањето на претседателските избори, а би се одржала по завршувањето на изборите.
„Изминатиов период многу внимателно ја анализиравме целокупната состојба со проектот за ‘Дрисла’, при што извршивме увид во целосната постапка од нејзиното почнување, па сè до последната судска пресуда. Предмет на анализа беа процесите, постапките и евалуациите што биле вршени, при што се пронајдени сериозни аномалии. Пред вас е доставена одлуката, која е недвосмислена и која вели дека Град Скопје треба да го има конзорциумот предводен од SCHOLZ AG за партнер во ‘Дрисла’. Јас сум спремен кога ќе се отвори дебатата целосно да ја објаснам анализата за тоа каде се направени грешки во минатиот процес и во евалуациите, како и зошто е заглавен целиот процес онолку колку што е. Она што е извесно е дека, конечно, Град Скопје ќе добие капацитет и депонија како што му прилега, а пред сè, капацитет што ќе остварува приходи. Сакам процесот целосно да го извадиме од правните контроверзии што го следат од самиот почеток. Во моментот кога ја доставивме оваа точка пред вас, се појавија некои дилеми, а бидејќи се распишани избори за претседател, јас предлагам да ја прекинеме седницата и изборот да го извршиме веднаш по завршувањето на изборите“, рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој напомена дека е даден налог на службите за постапка за раскинување на договорот со конзорциумот FCL AMBIENTE SRL и UNIECO SCC COOP од Република Италија, како и дека во периодот додека не се избере нов концесионер, Град Скопје ќе го преземе управувањето со Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

