Македонија
„Што ќе каже стопанот Ахмети, тоа го прифаќа слугата Ковачевски – Талат е недостоен за функцијата премиер“, велат ВМРО-ДПМНЕ
„Димитар Ковачевски и СДС се малцински партнери во владата на ДУИ и Али Ахмети. Ковачевски со поддршката за Талат Џафери да биде премиер го потврди она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатите години, а тоа е дека тој е спремен да прифати се што им нуди ДУИ и Ахмети, само за да продолжат матните бизнис зделки и криминал“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Талат Џафери е недостоен за функцијата технички премиер на владата. Од Талат Џафери не може да се очекува спроведување на фер и демократски избори, бидејќи од функција на претседател на Собранието, ги прекршуваше Деловникот и процедурите, заклучуваше врата од пленарна седница за да не се пријават други пратеници за збор и со тоа ја прекрши демократијата.
Џафери не може да биде премиер бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија. Џафери не може да биде премиер бидејќи го блокираше законот за македонските бранители.
Талат Џафери е недостоен за функцијата бидејќи цела македонска јавност слушна како им се обраќа на собраниските службеници, со пцовки, навреди и закани.
Во некоја нормална земја, до сега Џафери ќе беше испратен во политичка пензија, а не да биде назначен за технички премиер на Македонија.
Само дезертерот Ковачевски може да прифати друг дезертер како Талат да управува со владата. Со Ковачевски, СДС стана непрепознатлива партија, и освен што и отпаѓа рејтингот, туку е и целосно деградирана во владата.
Ковачевски е само обична марионета и слуга во владата, а Ахмети е стопан, се што тој кажува, Ковачевски само прифаќа. Ахмети не работи за доброто на народот, туку лично за себе и фамилијата.
СДС и ДУИ ја носат Македонија во пропаст. Затоа на изборите народот ќе ги казни и ќе ги испрати во длабока опозиција. За Македонија да оди напред, потребно е СДС и ДУИ да си заминат час поскоро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи
Времето денеска, ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.
До петок времето ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Во сабота ќе биде краткотрајно претежно стабилно, а потоа се очеку променливо време со послаба нестабилност.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.