Македонија
Шукова најавува реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание, стои во соопштението на СДСМ.
Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење.
Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои произлегле од Климатското собрание се основа врз која треба да се гради новата еколошка политика на градот, но не како политички маркетинг, туку како план за опстанок.
„Овие препораки не се само листа на желби, тие се мапа за здрава иднина. Она што недостасуваше изминативе четири години е токму ова, дијалог, храброст да се именува проблемот и волја да се постапи. Јас се обврзувам да ги ставам граѓаните и науката во срцето на политиката за Скопје“, рече Шукова.
Таа најави реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси и редизајн на улиците за да станат пристапни за велосипедисти и пешаци. Поддршка ќе добијат домаќинствата за премин кон еколошко греење, со субвенции и долгорочни решенија што ќе ја намалат зависноста од загадувачките извори. „Ако сакаме почист воздух, мора да се справиме со реалниот предизвик, затоплувањето во домаќинствата. Тоа е нешто за кое зборував и пред пет години, и тогаш тоа не беше популарно. Денес е значајно за сите“, истакна Шукова.
Таа ја посочи нефункционалноста на јавните претпријатија, предупредувајќи дека без реорганизација и вложување во човечки ресурси, ниту една стратегија нема да даде резултати.
,,Имаме документи и стратегии, но немаме имплементација. Сè што треба да направиме, веќе е измислено. Само треба да престанеме да се плашиме од промени и да почнеме да ги применуваме решенијата што постојат”, нагласо Шукова.
На средбата учествуваше и Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економија, кој потенцираше дека вистинските промени не доаѓаат со спектакли, туку со поставување на системи што функционираат.
,,Не можеме да очекуваме да имаме инспектор зад секој проблем. Македонија е мала земја, ни требаат дигитални решенија, автоматизирани системи и пред се, ред. И тука ја гледам разликата, Каја не ветува чудо, туку ред и систем“, констатира Битиќи.
Тој посочи и примери од други европски градови, каде воведувањето на зони со ограничен сообраќај за загадувачки возила дало мерливи резултати во квалитетот на воздухот.
,,Во Скопје, улиците се чистат еднаш на 14 дена, нема техничка вода, опремата е дотраена, а комуналната хигиена е сведена на добрата волја на граѓаните. Тоа не е политика, тоа е хаос. А од хаос, нема напредок”, посочи Битиќи
На средбата заеднички се заклучи дека граѓаните, институциите и стручната јавност мора да работат заедно, а не паралелно. Вистинскиот напредок, според Шукова, нема да дојде преку камери, ПР акции и еднократни спектакли за чистење, туку преку дневна, упорна работа на системот што ќе функционира без разлика кој е на власт.
Кандидатката на СДСМ испрати јасна порака дека Скопје не смее повеќе да биде град на пропуштени шанси. Последните четири години, под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, градот стагнираше. Таа потенцира дека многу беше ветено, малку, ако воопшто и нешто беше испорачано. Институциите беа ослабени, комуналниот сектор занемарен, а граѓаните оставени сами да се борат со загадувањето, сообраќајниот хаос и урбанистичката деградација.
„Доаѓа време кога Скопје ќе престане да биде синоним за разочараност. Мојата визија не е базирана на имиџ, туку на суштина. Верувам во град каде воздухот е чист, институциите се достапни, а јавниот интерес стои над приватниот“, заклучи Шукова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

