Македонија
Ѓорѓиевски во новата сензорна соба во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“: битен ресурс за унапредување на образовниот процес за децата со попреченост
Трамбулина, фотелја „лејзи бег“, сензорна лулашка, панелна плоча за вежбање моторика, голем број реквизити за стимулирање разни сетила кај децата со попреченост, се само дел од содржините со кои е опремена новоотворената сензорна соба во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски разговараше со дефектологот што работи во оваа сензорна соба со дваесетте ученици со попреченост, кои посетуваат настава во ова училиште.
„Се наоѓаме во новоотворената сензорна соба во ООУ ‘Кирил Пејчиновиќ’, која претставува битен ресурс за унапредување на образовниот процес за децата со попреченост. Преку разнообразни сензорни стимули, оваа просторија има значајна улога во развојот на нивните когнитивни и социјални вештини, како и во подобрување на нивната самостојност и способност за вклучување во општеството. Како градоначалник на општина Кисела Вода, сакам да истакнам дека за нас инвестирањето во креирање еднакви услови за сите наши граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, е од исклучителна важност. Спроведувањето вакви проекти, што е потпис на целата наша досегашна и идна работа, не само што ги унапредува условите за живеење туку ја намалува и стигматизацијата и го поттикнува инклузивното општество кон кое се стремиме. Оттука, сакам да го поздравам чекорот на компанијата што го помогна реализирањето на овој проект покажувајќи на тој начин општествена одговорност“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

