Македонија
Ѓорѓиевски го повика Заев да си даде оставка

Лидерот на СДСМ Зоран Заев мора да си поднесе неотповиклива оставка и да одговара за криминалот што го има направено, повика во среда, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев ги излажа своите сопартијци и целата јавност дека ќе си даде оставка доколку загуби на изборите одржани на 11-ти декември. Веднаш потоа Зоран Заев го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео само за да ја избегне правдата и за да одложи уште едно рочиште. Зоран Заев го понижи и судот и судијата и покажа дека за него не важат маледонските закони. Затоа Зоран Заев мора да си замине“, рече Ѓорѓиевски.
Тој смета дека тоа е најмалку што може да направи политичар како Заев кој ја држи СДСМ како заложник на својата кариера, политичарот кој две ипол години ја тормози Македонија со својата деструктивна политика./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат од ВЛЕН.
„Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари.Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси. Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула“, велат од Коалицијата.
Македонија
Без струја делови од Карпош, Бутел и Аеродром

Без струја денеска ќе останат делови од Карпош, Бутел, Студеничани и Аеродром.
ЕВН Македонија АД извести дека на ден 21.10.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Ловќенска лоцирани околу бр. 14, како и корисниците од бул. Партизански Одреди лоцирани околу автобуската станица кај хотел Карпош. ( општина Карпош )
– во периодот од 08.30 до 16.00 часот, корисниците од областа Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава (општина Студеничани)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците ул. Стар Качанички Пат и дел од нов Качанички Пат.(општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел ос С.Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Облачно време со сончеви периоди, температурата до 18 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.