Македонија
Ѓорѓиевски: Инвестиравме 7.2 милиони денари во ЈДГ “8 Март”
Градоначалникот Ѓорѓиевски, придружуван од директорката на ЈДГ “8 Март”, денес го посети објектот “Пеперутка 2” во Драчево, каде се извршија градежни зафати за преадаптација на кујната и пералната, се изврши промена на електричната инсталација, се подобри енергетската моќност на објектот, а во моментов се врши набавка на современа кујнска опрема.
![]()
Во клоновите “Расадник” и “Пржино”, пак, беше извршена промена на врати и прозорци. Се работи за инвестиција вредна околу 7.245.000,00 денари, кои за овие неколку месеци се вложија во објектите на ЈДГ “8 Март”.
![]()
„ Го продоложуваме континуитетот на унапредување на условите за децата од предучилишна возраст, со инвестирање во градинките каде најмладите го поминуваат поголемиот дел од секојдневието. Со задоволство сакам да истакнам дека во изминатиот период вложивме 7.245.000,00 денари во објектите на ЈДГ “8 Март”, каде согласно потребите, се интервенираше со повеќе различни градежни зафати.
![]()
Денес сме во објектот “Пеперутка 2” во Драчево, каде се одвиваа голем дел дел од активностите, како, на пример, промена на електричната инсталација и целосно подобрување на енергетската моќност на објектот, извршивме преадаптација на пералната и кујната која сега ја опремуваме и со современа кујнска опрема. Со цел подобрување на енергетска ефикасност, во објектите “Расадник” и “Пржино” ги заменивме вратите и прозорците, а претходно вакви и слични зафати изведовме и во објектите на другата јавна детска градинка “Весели Цветови”.
![]()
Анализите за потребата од дополнителни инфраструктурни зафати, во сите останати градинки на територија на општина Кисела Вода се дел од еден континуитет кој ќе продолжи, бидејќи како градоначалник цврсто стојам на ветеното, да го подигнам стандардот на услугата и квалитетот на предучилишното воспитание и образование, паралелно работејќи на отворање на нови градинки и проширување на капацитетите на постојните-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

