Македонија
Ѓорѓиевски: СДСМ со лаги сака да покрие дека Филип Темелковски потрошил 3. 800.000 евра за партиско-роднински вработувања
Лаги се денешните обинувања за фамилијарни врски со лица од мојот кабинет.Тоа што некој по игра на случајност има исто презиме со мене, кое е често, не значи дека ми е роднина. Затоа ќе поднесеме тужби за клевета, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во врска со обвинувањата изнесени на денешните прес-конференции на СДСМ.
Наспроти ова, тој денес, од говорница, ги изнесе документите со кои јавно ги објави лицата кои во времето на градоначалникот Филип Темелковски, воопшто не биле видени на работа, а Општината им исплаќала баснословни суми. Некои од нив и во висина од 90.000 денари месечно. Од говорница, Ѓорѓиевски ги читаше имињата на вработените роднини на градоначалникот, роднини на директорот на затворот Скопје, кумовите на неговите браќа и пријатели, звучни лица познати во јавноста по конекциите со СДСМ, кои биле ангажирани од страна на Темелковски и кои, најави Ѓорѓиевски ќе треба да ги враќаат парите. За овие четири години за вакви 120 партиско-роднински вработувања Темелковски исплатил околу 3.800.000,00 евра.
„Тоа е повеќе од половина буџет на Општина Кисела Вода или, толку чини изведбата на една фекална канализација. Тоа им го одзел на нашите жители, градоначалникот од партијата чии советници денес имаат образ да излезат на прес-конференција и да ја лажат јавноста“, истакна Ѓорѓиевски.
Ги праша и дали како советници не се срамат што, лице кое ја застапувало нивната политичка опција, покрај наведените времени вработувања, вработило и 64 лица во редовен работен однос, додека тие лицемерно говорат за пренатрупаната администрација.
„Сите претходни градоначалници заедно, немаат вработено толку лица колку што тоа упеал да го стори Филип Темелковски самостојно. Наспроти тоа, јас, сум вработил вкупно еден човек. Тоа е секретарот на Општината и тој е преземен од друга институција“, додаде Ѓорѓиевски.
Тој се осврна и на изнесените обвинувања за лицата кои се дел од неговиот кабинет и дел од тимот кој е задолжен да му помогне за спроведување на програмата. Ги претстави нивните професионални достигнувања и кажа дека е горд на секој од нив, бидејќи за 120 дена сработиле колку што Петре Шилегов и Филип Темелковски не сработеле за 4 години. Воедно, потсети на проектот Стоп за урбаната мафија и ревизијата, чии резултати наскоро ќе ги обелоденат криминалите на претходната власт. Оттука, потенцираше тој, го сфаќам вашиот страв и обидот преку лаги да ги дискредитирате лицата со чија помош ги спроведуваме промените и го менуваме ликот на Кисела Вода.
Додаде дека во многу скоро време ќе биде обелоденета уште една голема афера и дека за тоа ќе се бара одговорност.
„Ваквите прес-конференции со кои СДСМ се обидува да ги излаже граѓаните и да го сокрие сопствениот криминал, нема да нè поколебаат да го обелодениме ниту да ја направиме Кисела Вода непрепознатлива, но во поинаква позитивна смисла“, нагласи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе се тестираат камерите на автопатот Охрид–Кичево во рамки на „Безбеден град“
Сектор за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“.
Како што информираат од СВР Охрид, активностите ќе се реализираат на автопатската делница Охрид–Кичево, и тоа помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на потегот помеѓу Ботун и Ново Село, во општина Дебрца.
Планирано е активностите да започнат во 12 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно спроведување на активностите.
Македонија
СДСМ: Каде е др. Жан Митрев и зошто Обвинителството не реагира
СДСМ вели дека додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажна кампања и линч против претседателот на партијата, Венко Филипче, во јавноста го нема д-р Жан Митрев.
Во соопштението се наведува дека д-р Жан се појавил на телевизија Алфа, каде што, според СДСМ, изнел лаги за Филипче, по што, како што се посочува, исчезнал од јавноста.
„Прашањето е каде е др Жан? Дали Обвинителството го повика?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека кампањата против Филипче трае со недели во медиуми кои ги нарекуваат контролирани од ВМРО/Орбан, без никаква реакција од Обвинителството.
Од партијата наведуваат дека со недели поставуваат прашања кога д-р Жан ќе даде изјава пред надлежните институции, но, како што посочуваат, не добиваат одговор.
Македонија
Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција
Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.
„Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад“, велат од Комунална.
Воедно, во текот на минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје објави дека нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се превенира загадувањето на животната средина и да се заштити јавното здравје.

