Македонија
Ѓорѓиевски: Со кратење на непродуктивните трошоци, заштедивме над 1 милион денари кои ги насочивме кон капитални проекти
Во изминатите 365 дена, со домаќинско раководење со буџетот на граѓаните и намалување на непродуктивните трошоци дојдовме до голема заштеда, која ја насочивме во капитални проекти, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
„Па така, споредбено со претходното раководство во 2021, во 2022 година се заштедија средства во висина од:
-Консултантски услуги – 100%
-Репрезентација – 100%
-Огласи и други објави – 77,46%
-Изнајмување фотокопири – 73,16%
-Одржување на опрема – 56,24%
-Службени телефони – 26,73%
Или во просек, непродуктивните трошоци се намалија за високи 68, 46% и истата таа заштеда се искористи за капитални инвестиции, односно парите кои претходно се трошеле за непотребни работи, денес се насочуваат во граѓаните.
Дополнително, лично како градоначалник имам 0 денари трошоци за гориво, 0 денари за репрезентација и 0 денари за службено возило.
Вкупната заштеда е 1.407.000 денари!“, пишува Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

