Македонија
Јавниот сообраќај во Скопје од денеска до 20 часот
Од денеска, вторник 6.4.2021 год до вторник 20.4.2021 год, јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18:30 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Од таму додаваат дека режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.
Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб-страницата на „ЈСП“ Скопје, информираат од оваа институција.
Потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, и дека времено се укинати и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту жичницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници“
Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работниц, реагираат од СДСМ, на обвинувањата на пратеникот Бране Петрушевски.
„СДСМ уште во декември најави дека постои дупка во буџетот и дека државата нема пари за основно функционирање. Тоа Владата го потврди со ново задолжување од 1 милијарда евра преку еврообврзници, со што се докажа вистината за која говореше СДСМ. Сега треба да се пополни дупка од 2 милијарди евра кои недостасуваат. Како што рековме, кредитите за пополнување на дупката во буџетот од моменталните 2 милијарди, а таа ќе биде и многу поголема, мора некако да се вратат… како? Преку мигранти. Така функционира тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ. ВМРО води политика на „шибицарење“. Додека граѓаните ги читаат нивните измислици, пред нос ни носат 10.000 „економски работници“. Ќе објават лажна вест за „Дубаи“ или за „виза“, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието, за кој не смее да се зборува а целото внимание се насочува кон измислената виза“, пишува во соопштението.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ објавуваат измислица „Венко гради 42 ката во Дубаи“, а тие во меѓувреме протнуваат закон за странци како вовед за носење мигранти.
„Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“ а тие носат 10.000 „економски работници“. Секојпат исто, лажни вести што СДСМ мора да ги демантира, за да не попречат во објавувањето на нивниот криминал и да не попречат во работата која е во интерес на граѓаните. Никој да не зборува за скандалите на власта, сите да се занимаваме со непостоечка зграда во Дубаи, со измислена афера која служи како дефокус од главната тема: мигранти за пари. Затоа, граѓани на Македонија, знајте дека секогаш кога ќе излезе некоја измиелсна, фабрикувана афера, таа служи за ДЕФОКУС. Во позадина да се протурка она за што СДСМ зборува веќе два месеца. Каде се одговорите за дупката во буџетот, ниските плати и пензии? Каде се одговорите за криминалните тендери? Каде се одговорите за: 161 тендер за една фирма, 51 тендери за друга фирма преку општините, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Секогаш кога ќе прочитате текст од Геро, соопштение од Ивона Талевска, позната по врската со Латас, преку МАН, Алфа ТВ, ВМРО… нова измислена афера од кујните на ВМРО, вие, почитувани граѓани, знајте дека уште една пљачка е во тек, а сето ова го прават за вие да не го видите тоа. Класичен дефокус, додека вратат милионски криминални тендери. Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари“, пишува во реакцијата.
Македонија
Во општина Илинден светиот крст го фати Марио Димитријевски
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.
Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким.

На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.
Македонија
Ѓорѓиевски го честита празникот Водици
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото на народот.
„Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување. Го честитам празникот на сите кои денес беа дел од овој свет и возвишен настан“, напиша тој на „Фејсбук“.

