Македонија
Јавното обвинителство поведе постапка против девет лица за шверцување мигранти во Северна Америка
Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека е издадена наредба за истражна постапка против девет лица осомничени за кривично дело организирање група и поттикнување извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и шверцување мигранти“.
За седуммина од осомничените е определена мерка притвор, а за двајца мерки на претпазливост.
Како што информираат од Јавното обвинителство, во текот на првата половина од 2017 година тројца од осомничените од користољубие создале и организирале група за вршење кривично дело – шверцување мигранти.
„Подоцна кон групата се приклучиле и другите осомничени. Групата во текот на 2017 година и првата половина од оваа година организирала комплетно патување од матичните земји преку земјите членки на Европската Унија и Доминиканската Република до САД и Канада како земји на крајна дестинација“, се наведува во соопштението.
Осомничените како организатори на криминалната група, кога ќе оствареле средба со потенцијалните мигранти, ги врбувале и го договарале начинот на обезбедувањето и висината на паричниот износ, кој се движел од 20.000 до 25.000 американски долари за лице, а се исплаќал по пристигнувањето на крајната дестинација, наведуваат од Јавното обвинителство.
Организаторите ги планирале бројот на лицата што ќе бидат шверцувани, временскиот период, рутата по која ќе биде реализирано патувањето и локациите на кои привремено ќе бидат сместени мигрантите во текот на шверцувањето.
„За потенцијалните мигранти – македонски и албански државјани, кои не можеле да добијат регуларни визи од Амбасадата на САД, обезбедувале фалсификувани документи, со резервирање и купување авионски и автобуски билети, како и со резервирање и плаќање привремено сместување на мигрантите во хотели, мотели и хостели во земјите од рутата“, појаснуваат од Јавното обвинителство.
„Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и со решение им определи мерка притвор на седуммина од осомничените, а на двајца мерки на претпазливост“, наведува ЈОРМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.
Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.
Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.
Македонија
55,10 проценти била излезноста, на половина час пред затворањето на гласачките места соопшти ДИК
Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18.30 чaсот гласале 2.487, односно 55,10 отсто, соопшти Државната изборна комисија
Во ИМ 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 325 гласачи односно 69,30%.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 99 гласачи односно 33,22%.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 356 гласачи односно 50,07%.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 365гласачи односно 55,47%.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 324 гласачи односно 51,27%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 472 гласачи односно 62,68%.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 18:30 часот, на ова прегласување била забележана зголемена излезеност за 1,08% на овие избирачки места.
Македонија
Левица: Осквернавено срцето со македонското знаме во Гостивар
Пред неколку дена, по повод Денот на македонското знаме, 15 мај, како и по повод 24 Мај – празникот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, срцето од натписот со името на градот Гостивар беше симболично променето во македонското знаме со букви на глаголично и кирилично писмо, се истакнува во реакцијата на Левица.
„Но, за жал, можеби, и очекувано во ситуација на континуирана необалистичка реторика од страна на политичките партии од страна на т.н „албанскиот блок“, срцето на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата е осквернавено со илустрации и графити кои се со екстремно навредлива содржина.
Сквернавење кое, дури и да не е извршено од нив, претставува директна последица на големоалбанската и антимакедонската пракса, на целосно непочитување на државните македонски инсигнии (Знаме, Грб и Химна), како и глорификација на инсигниите на фашистичката творба – Голема Албанија која е практикувана од страна на т.н. „албанската“ политичка елита“, велат од оваа партија.
Ја потсетуваат јавноста дека политичката партија Левица во својата програма се залага за: воведување на Државен инспекторат за инсигнии кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти.