Македонија
(Видео) Јакимовски: Јас сум против какво било помирување, кој отворил врата треба да одговара
Ексградоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на протестот „Правда за Груевски“ пред кривичниот суд порача дека секој што е виновен треба да одговара и дека е против помирување.
„Им даваме поддршка на чесните судии да се охрабрат и да кажат ‘не’ на политичкиот процес“, рече Јакимовски.
„Јас сум против какво било помирување. Тој што е виновен треба да одговара. Кој отворил врата треба да си одговара, кој тепал исто треба да си одговара. Луѓе што пукаат куршум во главата лежат 7 години, а луѓе што удриле шлаканица лежат 15 години. Нашите соседни земји коментираат дека нашата земја е циркус-држава“, рече Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

