Македонија
Јакулески: Во студентските домови се служи нискокалорична храна со бубачки и догорчиња

„Македонија е држава со младинска невработеност од над 50 проценти, држава во која ниту еден универзитет не е на Шангајската листа меѓу топ 1.000 универзитети во светот, држава каде студентите чекаат да бидат сместени во студентски домови 10 дена по почетокот на студентската година, во домови во кои се служи нискокалорична храна полна со бубачки и догорчиња“, изјави Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој најави дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ, водена од идејата за поголема младинска вклученост во општеството и политичките текови во државата, распишува оглас за пријавување членови за телото „Тим млад“, тело кое активно ќе учествува како во креирањето и дооформувањето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на младите, така и во претстојната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.
„Ги поттикнуваме сите млади кои се во последната година на студии, дипломци, постдипломци и докторанти со просек од над 8,5, а немаат навршено над 29 години да се пријават на огласот и да дадат свој придонес во активното градење на Македонија во периодот што следи. Огласот е отворен од денес и ќе трае во наредните 15 дена. Време е на младиот, образован и напреден човек да му се даде можност да се вклучи во градењето на Македонија.
Да креираме проекти од младите за младите. Да создадеме општество во кое секој млад човек ќе сака да остане, работи и да основа семејство. Македонија може. Потребна е обнова. Обновата доаѓа. Вклучи се“, рече Јакулески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.