Македонија
Јанева за разговорот Милевски-Јовановски: Се потврди дека никој не разговарал за рекет кога Камчев бил во притвор
По преслушувањето на дел од снимените разговори и докази во „Рекет“ меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески-Кичеец, во судницата реагира и обвинетата Катица Јанева. Таа пред судијката Васка Николовска-Масевска рече дека во другите два разговора, кои ќе се слушаат на наредните рочишта, се гледал поткупот и дека од таму почнува нејзината одбрана.
„Сметам дека неоспорно се потврди дека никој не разговарал за рекет во времето кога Орце Камчев бил во притвор. Нејќете да ги изведете останатите два разговора, а токму таму се гледа поткупот и од таму почнува мојата одбрана“, рече Јанева во судницата по што судијката Николовска-Масевска ѝ рече дека тоа ќе се направи во дополнување на доказната постапка.
Реагира и Јовановски, според кого разговорите меѓу него и Милески покажуваат спротивност на сè што му се става на товар. Според него, делови од разговорите се „шушумигања и кокетирања“ и тие не можел да ги разбере.
Сметам дека овој изведен фајл покажува само спротивност на сè што ми се става на товар во обвинителниот акт од страна на обвинителката. Нашите шушумигања и кокетирања не можам во делови да ги разберам и затоа не треба судот да го цени ова“, рече Јовановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

