Македонија
Јаневска на Светскиот ден на детето: Да обезбедиме секое дете да има право да учи, да игра и да биде прифатено
Министерствата за образование и наука и за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ, на Светскиот ден на детето – 20 ноември, почнуваат кампања против дискриминација во фудбалот, насловена „Еден тим за секое дете – нулта дискриминација“.
„Светскиот ден на детето е симбол на правата, надежите и иднината на секое дете. И тие надежи никој не смее да ги уништи. Затоа на сите нас овде ни е заедничка обврската да обезбедиме секое дете да има право да учи, да игра и да биде прифатено“, рече на промоцијата на кампањата министерската за образование и наука Весна Јаневска.
Кампањата ќе трае до 1 март 2026 година, а секој од учесниците ќе ја пренесува пораката дека за сите има место во тимот. Јаневска рече дека како министерка за образование и наука може да потврди дека во тимот, односно воспитно-образовниот систем, навистина има место за сите.
„Правиме темелни промени во образованието затоа што тоа треба да биде квалитетно, инклузивно и достапно за секое дете, ако сакаме да обезбедиме подобра иднина за сите нас. Интензивно работиме на подобрувања на сите нивоа на образование затоа што сегашните ученици и студенти ги чека свет на нови технологии и знаења, за кој треба да бидат подготвени“, укажа министерката, додавајќи дека во тек се и промени на регулативата, се зајакнува образовната инфраструктура, се вложува во нагледни средства, а наставниците добиваат континуирани обуки и зголемување на платите. Исто така, растат вложувањата во наука и истражувања, како стратешка определба за побрз напредок.
Посочи дека нашите деца заслужуваат образование кое ќе ги подготви за натпревар со нивните врсници во светот и ќе им биде солидна основа за иднина.
„Но, нашите деца заслужуваат и спорт без дискриминација. Ќе ја искористиме Кампањата, преку наставни и воннаставни активности да го промовираме фер-плејот и да градиме култура на инклузија. Постепено, но упорно да градиме свест кај секое дете ека спортот создава пријателства и заедништво и дека сите деца кои спортуваат, без оглед дали се девојчиња или со посебни потреби, од различна националност и така натаму, сакаат да покажат што знаат и умеат. Затоа е и оваа кампања“, рече министерката Јаневска.
На настанот говореа и претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер, министерот за спорт Борко Ристовски, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Душан Томшиќ и генералниот секретар на ФФМ Леонид Јандреоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани од Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

