Македонија
Јанушев: Никој нема аргументи зошто Кацарска е добар предлог за судија во Уставен суд

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на третиот ден од собраниската дебата за предлогот за уставен судија да биде избрана Добрила Кацарска укажа дека пратениците и јавноста никако не добиваат одговор зошто токму таа е предложена за функцијата во институција која е чувар на уставноста и законитоста.
„Зошто токму Добрила Кацарска заслужува да биде избрана за уставен судија? На ова прашање ниту ние како пратеници, ниту јавноста не доби одговор. Зошто Киро Здравев, прв човек на Републичкиот судски совет, не дава ниту образложение, ниту информации за кандидатот? Господине Здравев, Вие одговарате во Собрание зашто во Собрание сте избран за таа функција. Се надевам дека грешам, но ќе кажам дека очекувам да нè удостоите со одговор, со информации и образоложение за предлогот за Кацарска“, рече Јанушев.
Тој напомена и дека Киро Здравев е избран за Апелацискиот суд во Штип во време на СДСМ и за судија во Врховен суд исто така кога на власт е СДСМ.
„Сите до еден судии во Републички судски совет се именувани за судии и дошле до функции и вработувања кога на власт е СДСМ“, рече претставникот на опозициската партија.
Врз основа на ова Јанушев оцени дека власта нема аргумент да зборува за немашање на политиката во судството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за ‘хибридни напади’“, велат од СДСМ.
„Додека граѓаните вдишуваа канцерогени материи, институциите задоцнето реагираа, дури не излегоа навреме ниту да ги информираат граѓаните, да дадат препораки, да кажат како да се заштитат.
Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, дали е целосно безбедно, колкава количество токсичен отпад изгоре, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето?.
Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите, вклучително и во депониите кои се управувани токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Доста беа приказни, за овој екоцид, за оваа еколошка катастрофа во Скопје и во Македонија мора да има политичка и кривична одговорност.
Освен за Трубарево, Јавното обвинителстви треба да ја прошири истрагата за пожарите во Вардариште и Дрисла, која ќе ги опфати сите актуелни раководни струкури во време на пожарите, кои дозволија да се случи еколошка катастрофа со опасни здравствени последици“, соопшти СДСМ.
Македонија
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за овогодинешниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото.
Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците село Волково – улицата пред последна автобуска станица 22, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на улицата Будимпештанска околу бр.25., општина Карпош.