Македонија
Јанчев: Знаеме да простиме, но простување со извинување и поклон пред бистите, во чест на ѕверски убиените деца во Ваташа отворивме 12 бисти
Чествуваме 80 години од ѕверското стрелање на 12 деца токму тука на ова место, Моклиште каде од бугарскиот окупатор на ѕверски свиреп начин беа убиени 12 деца. Во нивна чест и во јубилејни 80 години од стрелањето општина Кавадарци заедно со Советот на Општината во програма изготви 12 бисти, рече денеска градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Додаде, дека е отворена и спомен соба во чест на децата кои беа стрелани 1943 година на 16 јуни.
„Спомен собата има повеќе намени, преставени се делови од животот на децата, во делот на нивното стрелање, во делот на градење на споменик од 1961 година и содржи нивни лични документи од самиот живот меѓутоа и посмртно од самите деца“, рече тој.
„Денес гордост е дел да си од Ваташа, гордост е да си дел од Кавадарци зошто овие деца го дале животот за слобода на Република Македонија, тука заедно со ваташани, кавадарчани, со повеќе наши граѓани и политичките партии заедно да го прославиме овој ден за да ја градиме иднината на основа на минатото и она што значи 80 години од ѕверското стрелање на овие 12 младинци. Сите немале ниту 120 години заедно на денот на нивното стрелање, а тоа е еден човечки живот кој го има живеено еден човек. Така да, да се убие дете, да се стрелаат 12 деца е незаборавен чин. Меѓутоа ние сме народ, христијански православен кој знае да проштева, меѓутоа прошката ја бараме со она што значи извинување и поклонување токму пред овие бисти и споменик“, истакна градоначалникот на Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекоа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

