Македонија
Јаревски до Ковачевски: Зошто дозволивте спојување на концесиите, а знаевте дека со неисполнување давате правна можност Дестани да ја тужи Македонија
Владата на СДСМ и ДУИ уште во 2006 година дала одобрение за отворање на рудник во Иловица, а тоа е коренот на проблемот со „Иловица“. На 27 јуни 2023 година на седница на оваа Влада, на која сите биле присутни, имале дополнителна точка на дневен ред за спојување на концесиите на рудникот. И по тоа, никој не знае што се гласало. Каја Шукова вели не знаела, Оливер Спасовски вели гласале, ама не знаеле за што и вчера излегува Крешник Бектеши, кој вели сите се криви, а тој најмалку и дека другите многу добро знаеле за што се гласало, рече пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Јаревски постави неколку прашања. Прво, Ковачевски да одговори зошто дозволил спојување на концесиите бидејќи имал информација дека граѓаните се против отворање рудник, односно знаел дека со одлука за спојување на концесиите и неисполнување на тоа ѝ дава правна можност на фирмата на Дестани да може да ја тужи Македонија и да изгуби на арбитражен суд и да треба да му се исплатат над милијарда евра од државниот буџет на Дестани и „Еуромакс ресурсис“, и потпрашање зошто не е раскината концесијата дотогаш и зошто ваква лакрдија за спојување на концесиите, а потоа повторно одвојување.
„Второ, прашање до Каја Шукова: дали Дестани има поднесено до Министерството за животна средина студија за заштита на животната средина со оглед дека тој е познат во јавноста како човек близок до ДУИ, кој нема ниту еден ден искуство ниту некаква експертиза од копање злато и бакар?“
И трето прашање, во врска со европската организација ОЛАФ, која од 36 предмети што ги истражува, 18 биле од Македонија, до вицепремиерката Славица Грковска.
„Вие сте задолжена за добро владеење и треба да знае како се движат нашите и странските пари, дали сте до толку неспособна за пред нос да ви се случуваат вакви страшни злоупотреби да се брукаме пред Европа или Артан Груби и Димитар Ковачевски не ви дозволуваат да си ја работите работата“, праша Јаревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

