Македонија
Јовановски: Во „1ТВ“ повеќепати имав средби со Вилма Русковска
Првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски, на распит пред судијката Васка Николовска-Масевска повторно говореше за доказите кои, според него, покажуваат дека не рекетирал, а се во неговиот телефон одземен од страна на Обвинителството, за кој тврди дека не е вештачен.
Јовановски кажа за аудиоснимки од разговор со поранешниот главен и одговорен уредник на згаснатата „1ТВ“, Ацо Кабранов, со кого разговарал за Орце Камчев.
„Ова што јас го зборувам можеше да го потврди господинот Кабранов. Доколку сведочеше Дувњак, ќе објаснеше за средбата со Катица Јанева, кога ја посетивме во СЈО“, посочи Јовановски.
Тој во исказот посочи дека повеќе пати се среќавал со обвинителката Вилма Русковска во „1ТВ“, каде разговарале додека таа пиела алкохол. Јовановски кажа и дека тој ја договорил Русковска да гостува во згаснатата „1ТВ“.
„Јас ја повикав Русковска во телевизијата, неколку пати беше во редакцијата, во четири очи сме пиеле кафе, па и алкохол, како што е редот во една домаќинска куќа “, рече Јовановски.
Осомничениот Јовановски во изјавата неколку пати посочи дека телевизијата со која раководел се финансирала легално, а не од СДСМ и ВМРО, ниту, пак, барал државни пари.
Со исказот, Јовановски сака да докаже дека „1ТВ“ не се финансирала од рекет.
Во текот на исказот, а одговарајќи и на прашања од неговиот адвокат Сашо Дуковски, Јовановски кажа дека немал приходи, ниту, пак, сопственички удел во „1ТВ“, бидејќи бил претседател на невладината „Меѓународен сојуз“, па така тој гледал конфликт на интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

