Македонија
Јовановски: На Јанева не сум ѝ кажувал како да постапува, најчесто зборувавме за љубовни работи
Во исказот пред судечкиот совет на рочиштето за „Рекет“, првообвинетиот Бојан Јовановски говореше за односите со ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, за нејзиниот син Лазар Јанев, како и запознавањето.
Во текот на судењето тој ја карактеризираше Јанева како народен човек и либерална жена, која нема предрасуди, што се покажало бидејќи не ѝ пречела неговата сексуална определба.
Јовановски зборуваше и за односите со осудениот Зоран Милески – Кичеец, со кого се познавале 15 години. Како што рече, контактите со Кичеец ги интензивирале во 2018 година, кога според исказот, Кичеец инсистирал да се сретне со Камчев.
„Со неа разговаравме и за мои љубовни работи, на никогаш не сум ѝ кажувал што да работи и како. За предметот ‘Империја’ и другите предмети дознав овде, во судницата. Со Јанева се запознав во септември 2018 година, кога ја поканив да гостува во ‘1ТВ’, па имавме средба во СЈО, но ја одби поканата. Целта беше да ја раскаже животната приказна во емисијата ‘Лица’. Лазар Јанев првпат го видов на фотографии, а таа ми кажа дека е правник и не е вработен. Тогаш ѝ понудив да работи кај нас. Јанев контактираше со АВМУ, но немаше врска со маркетингот“, рече Јовановски.
За осудениот Зоран Милески – Кичеец, обвинетиот Јованвски рече дека жали што го запознал, иако во минатото биле блиски. Пред судот покажа и заедничка фотографија направена во странство.
„Камчев ми објасни што работи Кичеец во ‘Орка холдинг’, посочувајќи дека е најдобриот оперативец. Способностите на Кичеец се гледаат и преку тоа што постојано му наоѓаа мобилни телефони во затворот кои Русковска не ги вештачела. Тој се спогоди и доби казна. Сега е на слобода. Јас сум во затвор“, објаснуваше Јовановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

