Македонија
Јовановски нуди гаранција од 142 илјади евра за да излезе од притвор
Првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 нуди имот во вредност од 142 илјади евра за да биде пуштен во домашен притвор.
На денешната јавна седница во Апелацискиот суд кој треба да одлучи по жалбата на Јовановски, тој изјавил дека како гаранција тој ја нуди куќата во вредност од околу 102 илјади евра и деловен простор во вредност од околу 40 илјади. Дел од куќата е на негов прв братучед и локал на неговата мајка.
Одбраната бара неговата жалба да се уважи и Јовановски да се брани од слобода, да му биде одреден куќен притвор или други мерки на претпазливост.
Неговиот адвокат Сашо Дукоски како аргумент плус ја образложува неговата здравствена состојба за која треба посебен режим на исхрана, која тој не можел да ја спроведува во притворски услови во истражниот затвор во Шутка.
Тој пред апелациските судии уште еднаш повтори дека бил уценуван да посочи дека се виновни Катица Јанева и Фросина Ременски, за да излезе од притвор.
„Обвинителката Русковска е адвокат на две мафии. Нема да кажам кои. За да излезам од притвор бев уценува од Русковска да кажам дека Катица е виновна, дека Фросина Ременски зела пари. Сакала да ја бетонира оти немала докази, а ми беше кажано дека ако не сведочам вака, ќе биде обвинет и мојот татко“, изјави Јовановски.
Јовановски е во притвор од средината на јули минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

