Македонија
ЈСП в недела со изменет режим поради уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”
Во недела (13.06.2021 година) во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”.
Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60.
Траси на движење:
Линиите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60
*во правец према Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол“, ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса
*во обратен правец ќе возат по својата вообичаена траса
Линија 8
*од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжи по булевар „Партизански одреди“, ќе сообраќа се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон својата почетна постојка
*во обратен правец, се до Соборен храм ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“ и ќе продолжи по својата вообичаена траса
Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59
*во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса
Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15
Линиите 15, 15А и 19 за почетно/крајна постојка во Карпош ќе ја користат почетно/крајната постојка од линиите 7 и 59
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

