Македонија
Ќе се протестира пред МНР за време на посетата на Коѕијас
Неколку патриотски организации утре ќе протестираат пред Министерството за надворешни работи, истиот ден кога е закажана и средбата на шефовите на дипломатиите на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров.
„Во организација на СУМ – „Сите за унитарна организација“, (Светски македонски конгрес, „Македонски манифест“, „Преродба“, „Наши“, „Христијанско братство“, Македонско патриотско здружение „Васил Чакаларов“, „Код“, „Ние“, „Бригада“, „Тврдокорни“), утре во 9 часот пред Министерството за надворешни работи во Скопје ќе се одржи мирен јавен собир на граѓани“, соопшти СУМ.
Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, попладнево пристигна во дводневна посета на Скопје. Во согласност со агендата тој утре ќе оствари средби со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

